Во македонското собрание пратениците деновиве расправаат за Ребалансот на буџетот за 2019 година.
Пратеничката Жаклина Лазаревска од собраниската говорница кажа дека и со кратењето на буџетот во образованието, сепак со ребалансот се обезбедено 4 000 000 000 ден повеќе од реализираните средства во образованието во завршната сметка на Буџетот 2016 кој беше проектиран и реализиран од поранешната влада на ВМРО ДПМНЕ.
Таа реплицирајќи и’ на колешката Манаскова, која се осврна на кратењата во буџетот на МОН со ребалансот на Буџетот 2019 год. рече: -Тоа покажува кој колку се грижел и инвестирал во образованието и науката во нашата земја.
Публицитет.мк