Кој вели дека не може да има Охридско -Струшки сојуз во Парламентот меѓу пратениците од власта и опозицијата кога се работи за доброто на граѓаните, сподели на социјалните мрежи пратеничката Жаклина Лазаревска од Охрид.
Во 10 дневната расправа за Ребалансот на Буџетот 2022 во петокот едногласно е изгласан амандман на Комисијата за финансирање и буџет и со ребалансот на буџетот за 2022 се реалоцирани средства во износ од 3 000 000 денари за почеток на изградба на велосипедска патека по должината на стариот пат Охрид-Струга, вели Лазаревска.
Публицитет.мк