Вчера во Собранието на Р. С. Македонија се одржа 42 седница на Комисијата за образование, наука и спорт на која беа усвоени следните закони.
-Предлог-закон за образование на возрасните – I читање; Еден од поважните приоритети за следниот период, коj ќе биде во наш фокус, а воедно и заеднички интерес e воспоставувањето на систем за валидација на неформалното и информалното учење. Системот за валидација на неформалното и информалното учење ќе овозможи стекнување на квалификации на лицата без или со низок степен на квалификации, а преку тоа би се очекувало нивна поголема вклученост во пазарот на труд, со крајна цел намалување на стапката на невработеност во земјата. Од друга страна, според препораката на Советот на Европска Унија за валидацијата на неформалното и информалното учење, од 20 декември 2012 година, земјите членки и останатите земји учеснички до 2018 година е потребно да воспостават мерки за валидација, со што ќе им се овозможи на поединците да се стекнат со квалификации или делови од квалификации врз основа на валидирано знаење, вештини и компетенции. Како земја кандидат за членство во ЕУ, државата ги следи препораките на Советот на ЕУ, вели за Публицитет.мк претседателката на Комисијата – пратеничката Жаклина Лазаревска.
-Покрај тоа, искуството од изминатите десетина години покажа дека е потребно унапредување на системот на верификација на посебните програми за образование на возрасните (програми за неформално образование). Со новиот закон ќе се унапреди квалитетот на неформалното образование на возрасните, а на Центарот за образование на возрасните ќе му се овозможи да изготвува посебни програми за образование на возрасните.
На Комисијата се расправаше и за Предлог – законот за изменување и дополнување на законот за стручно образование и обука, по скратена постапка Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за стручно образование и обука, при подготовките за утврдување на приоритети во стручното образование и обука, како и образованието на возрасни, ги разгледуваше сите активности – реализирани и тековни. Во предвид се земени постигнатите резултати преку проектите финансирани од Европската унија, Светска банка, како и проектите кои се реализираат со поддршка на Швајцарија и Германија. Еден од поважните приоритети за следниот период, коj ќе биде во наш фокус, а воедно и заеднички интерес e воспоставувањето на Регионални центри за стручно образование и обука претставуваат огромна можност за оптимизација на инвестициите во средно стручно образование преку прилагодување на потребите на пазарот на труд и потребите на локалната задница, со што би се намаил јазот помеѓу понудата и побарувачката на вештини. Центрите треба да одговорат на конкретните приоритети во нивните региони, идентификувајќи ги соодветните активности кои ќе овозможат развивање на потенцијалите на младите, возрасните и бизнис заедницата, вели Лазаревска.
-Оттука, според Лазаревска Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ -, Охрид ќе продолжи со работа како регионален центар за стручно образование и обука, со денот на влегувањето во сила на овој закон и ќе има статус на државно средно училиште.
Публицитет.мк