Денеска Либерално демократска партија – ЛДП од Охрид до Советот на општина Охрид поднесе иницијатива на дел од кејот „Македонија“ во центарот на Охрид да се направи плажа за лицата со инвалидитет.
Во барањето испратено до Советот, претседателот на ЛДП – Охрид, Горан Симоноски наведува дека во Охрид има голем број лица со инвалидитет и дека во летниот период нивниот број е поголем и дека и тие заслужуваат да имаат пристап до Охридското Езеро.
Публицитет.мк