Најголемиот музички бренд и бенд на Балканот на сите времиња, „Бијело Дугме’, после навистина долго време ќе одржи свој концерт во Скопје.
Концертот кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 8-ми април, ќе биде досега можеби најспектакуларен и гламурозен концерт кој бендот го одржал досега во Скопје, со учество на хор, гудачки оркестар, тамбураши…
Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ- Тифа во Скопје доаѓаат после рекордно распродадени три арени во Белград, со сет листа која содржи повеќе од 30 слободно може да се каже легендарни песни на „Бијело Дугме“
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре – среда преку проджната мрежа на Купи Карти За Се.
Публицитет.мк