Стариот џентлмен Томислав Маниќ денес во друштво на внуците Љубица и Петар го прослави 90 роденден.
Во долгата и успешна кариера отпеал над 450 песни сите снимки се дел од фонотеката на МРТВ.Томислав Маниќ вели дека сите го помнат по „Црвените рози“ ….
Охрид беше и е негова опсесија. Пред две години за нашиот портал рече:
-Охрид и јас , љубов на прв поглед. Првпат тука дојдов во почетокот на педесеттите од минатиот век и пеев на терасата на тогаш популарниот синдикален дом „Орце Николов“ . Пеев и на чинот на отворањето на хотелот „Палас“. Сега , жалам што тој архитектонски убавец зјае празен, вели Маниќ.
Со Охрид го врзуваат и настапите на фестивалот „Охрид фест“ – „Охридски трубадури“ и испеаните песни. Во дел од нив мотив е преубавиот Охрид.
Честит да му е роденденот и да му се множат годините.
Публицитет.мк