• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Летни филмски фестивали (1)

јуни 18, 2021
in Филмољубие
Летни филмски фестивали (1)

За два дена започнува календарското лето ,кое за разлика од изминатата година заради пандемијата, се очекува да ги донесе сите оние убави нешта по кое е препознатливо :безгрижен одмор, многу забава,патувања, музика,концерти, фестивали…

А токму во летниот период се одржуваат голем број на филмски фестивали од кои поголемиот дел не беа одржани во изминатото пандемиско лето. Оваа година сите тие ќе бидат одржани под посебни услови , на радост и на организаторите и се разбира на публиката.

Во првиот дел ќе говориме за фестивалите кои ќе се одржат во нашата земја како и во блиското соседство. Поголемиот дел од нив ќе се одржат во текот на месец јули и август.Денес ќе ви ги презентираме првичните информации за нив, а во следниот период за нив ќе говориме пошироко кога ќе дојде нивниот термин на одржување.

Како вовед во фестивалската „грозница“една информација која доаѓа од еден фестивал кој оваа година се одржува во два дела.Се работи за 71. Берлинале чиј прв дел се одржа од 1 до 5 март кога беше одржан филмскиот маркет и кога жирито ги прогласи победниците од главната натпреварувачка програма. Вториот дел од фестивалот е во тек. Започна на 8 јуни со доделување на наградите на добитниците и презентација на филмовите на проекции под отворено небо , која завршува утре на 20 . јуни.

sara

Во понеделникот (14. јуни)во Берлин на посебна свеченост , пред проекцијата на филмот „Јас сум твој човек“ во режија на  Марија Шрадер,им беа доделени наградите „Шутинг старс“ на осум млади актери од Европа , која се доделува на млади актери во подем. Меѓу наградените беше и нашата Сара Климоска која за оваа награда беше номинирана за улогата во филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов.Оваа награда за неа сигурно ќе преставува голем поттик во нејзината натамошна кариера која продолжува со улогата во најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ кој ќе започне да се снима на локации во Скопје од 6.јули.

„Имав прекрасни, возбудливи и интензивни три дена во Берлин на првата летна едиција од Берлинскиот филмски фестивал. Конечно имав можност во живо да ги запознам колегите до кои ја делам наградата European shooting stars и навистина секој еден од нив е исклучителен! Благодарна сум на Агенцијата за Филм за номинацијата и на European Film Promotion за наградата и за приредување на едно неверојатно искуство“, изјави Климоска по добивањето на наградата.

 

pula

68.ПУЛСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ  (17 – 24. јули)

Годинешното издание  ,на најстариот филмски фестивал од просторите на некогашната Југославија, Пулскиот, оваа година ќе се одржи по 68 пат во својот редовен термин , во средината на месец јули, поточно од 17 до 24 јули.

Фестивалот ќе го содржи вообичаените програми чија содржина ќе биде објавена во почетокот на следниот месец. Сега само е познато дека председател на годинешното жири за оценување на филмовите од хрватската програма ќе биде полскиот режисер , оскаровецот , Павел Павликовски.

Овие денови беше објавена и меѓународната програма на филмови кои ќе се натпреваруваат за наградите во оваа натпреварувачка програма. Меѓу десете избрани филмови има и три во кои Хрватска се појавува како малцински копродуцент.Од нив посебно се истакнува филмот„ Баксузно бубање или безумен порно фим“ на режисерот од Романија Раду Жуде, победник на годинешното Берлинале кој во Пула ќе ја доживее својата премиера во Хрватска.Од Малцинските копродукции селектирана е и драмата „Моето езеро“ на албанскиот режисер Џерџ Џувани во кој една од главните улоги толкува актерот Ведран Живолиќ, а тука е и продолжението на регионалниот акционен хит „Јужен ветар 2 : Забрзување“на српскиот режисер Милош Аврамовиќ, кој во Пула ќе ја доживее својата светска премиера.

Освен овие три филма за награди ќе се борат уште седум филмови од Европа кои своите премиери ги имаа на фестивслите во Кан, Венеција, Варшава, Москва, Гетерборг и Цирих.

Од Италија доаѓаат два филма. „ Не мрзи“ на дебитантот Мауро Манчини и „ Никаде“на режисерот Умбертп Пазолини.И двата филма својата премиера ја имаа на фестивалот во Венеција.

Од Романија доаѓа духовитата политичкса сатира „ Кампања“ на режисерот Маријан Крисан. Тука е и филмот „Лимбо“ на режисерот Бен Шарок инаку љубимец на европската фестивалска публика.

Од Австрија доаѓаат два филма : „Хокволд“ на режисерката Еви Ромен и „ Лисица во дупка“ на режисерот Т. Риахи.Меѓу избраните 10 е и финскиот филм „Друштвени игри“ на режисерката Џени Тоивониеми.

Филмовите од оваа програма ќе ги оценува посебно трочлено жири кое ќе ги додели наградите: Златна арена за најдобар филм, посебно признание на жирито, Златна арена за најдобра малцинска копродукција …

 pal

28.ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИОТ ФИЛМ ПАЛИЌ (17 – 23.јули)

Паралелно со Пулскиот фестивал , во исто време но во друга држава (Србија), ќе се одржи 28 поред Фестивал на европскиот филм во Палиќ и Суботица. Фестивалот годинава ќе се одржи во традиционалниот термин , од 17 – 23.јули , на повеќе локации :летната сцена во Палиќ како и во кино салите „Еуросинема“, „Абзазија “ и „Лифка“.

Покрај богатата филмска програма , публиката ќе може да ужива и во други бројни пратечки содржини – концерти, изложби, промоции , работилници и стручни предавања.

Кога станува збор за фестивалската филмска програма, натпреварувачките филмски селекции и оваа година ќе ги донесат најактуелните европски наслови во Главната натпреварувачка програма, како и најангажираните источноевропски филмови во селекцијата Паралели и судири.Тука е и селекцијата Новиот европски документарен филм , која е воведена пред две години а која ќе ги донесе најдобрите документарци, филмска форма која предизвикува се’ поголем интерес кај публиката и критиката.

Во чест на добитникот на наградата „Александар Лифка“ за исклучителен придонес во европската кинематографија, како и во предходните години ќе биде приредена Омаж програма. Оваа награда од 2000 година се доделува на еден странски и еден домашен творец за исклучителен придонес во европската кинематографија.

Селекцијата Новиот унгарски филм како и во предходните години ќе ги донесе најновите филмови од унгарската кинематографија, додека селекцијата Младиот дух на Европа која е наменета за кусометражните и експерименталните филмови и годинава ќе донесе преглед во оваа област.

Се разбира тука е селекцијата Кинематографија во фокус во чии рамки се прикажуваат филмови на најинтересните автори од избраната земја.

bic

4. БИЧ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ (21 – 25. јули)

Четвртиот по ред филмски фестивал на новиот европски филм „Филмски фестивал на плажа“оваа година ќе се одржи во периодот од 21 – 25 .јули.во Охрид.

По промената на локацијата на одржувањето (на плажата во Св Стефан)во измината година заради пандемијата, оваа година фестивалот се враќа повторно на првичната локација, плажата „Оревче“

Подготовките за фестивалот траат такаречи цела година но во последните неколку месеци тие се со зголемен интензитет.Така пријавувањето на филмовите траеше до 1. јуни а огласот за пријавување на волонтери заврши деновиве.

Наскоро се очекува да биде објавена годинешната програма за која ќе ве информираме пошироко штом ќе биде објавена.

 Имајќи го во обзир она што го донесе овој фестивал во изминатите три години, љубителите на филмот со право очекуваат дека и оваа година ќе имаат навистина прекрасна можност за забава и другарување на локацијата на плажата „Оревче“.

 sar

 

27.САРАЈЕВО ФИЛМ ФЕСТИВАЛ ( 13 – 20. август)

Еден од најдобрите филмски фестивали кој се одржува на просторите на некогашната Југославија, секако е Сараевскиот кој оваа година ќе се одржи по 27 пат во периодот помеѓу 13 и 20 август.

За програмската содржина сеуште нема информации но една која беше објавена деновиве го привлече вниманието на љубителите на филмот.

Имено, со желба да ја унапреди и поттикне продукцијата на аудио- визуелните содржини, Сарајево филм фестивалот од оваа година воведува нова категорија на награда:Срце на Сарајево за ТВ серии.Со ова фестивалот ќе им оддаде признание и ќе ги промовира најквалитетните регионални телевизиски серии и нивните автори, актерии актерки и на тој начин ќе го поттикне нивниот меѓународен пласман.

Од продукцијата на ТВ серии од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија,, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Словенија, кои премиерно биле прикажани во периодот од 1.септември 2019 до 31. Мај.2021 , селекторскиот одбор на фестивалот оваа година во конкуренција по наградите Срце на Сарајево за ТВ серии одбра 16 серии.

ТВ серии номинирани се за награди во шест категории:Најдобра драмска серија, Најдобра комедија, Најдобар креатор/и на серија, Најдобра актерка, најдобар актер,и Ѕвезда во подем.

Од нашата земја во категоријата драмска серија е селектирана втората сезона од серијата „Семејството Марковски“во режија на Даријан Пејовски.

Единствена номинација за награда доби младиот актер Петар Петковски во категоријата :Ѕвезда во подем.Како што е познато тој во серијата го игра ликот на Бојан Марко ,најмладиот член  семејството Марковски.

За добитниците на наградите ќе одлучува жири од повеќе стотини филмски и телевизиски професионалци од подрачјето на некогашна Југославија.Церемонијата на доделување на наградите за оваа нова награда ќе се одржи за време на одржувањето на 27. Сарајево филм фестивал.

 

mot

23. МОТОВУН ФИЛМ ФЕСТИВАЛ (27 – 31. Август)

И оваа година Мотовун филмскиот фестивал ќе ги прикажува филмовите на филмските платна кои ќе бидат поставени на ридот каде е сместено градчето и општината Мотовун од каде има незаборавен поглед на долината на реката Мирна. Фестивалот ќе биде одржан по 23 пат , оваа година, во својот редовен термин во последната недела од месец август, односно во поериодот од 27 до 31 август.

И во своето најново издание фестивалот во Мотовун ќе донесе избор од најдобрите филмови во сезоната кои доаѓаат од сите страни во светот. Изборот го прават селекторите Милена Зајовиќ и Јурица Павичиќ.Програмата ќе биде објавена на 1.јули, кога започнува и предпродажбата на влезните билети.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 128
Share
Previous Post

Денеска од 3 680 тестирања само 19 позитивни на КОВИД-19

Next Post

Денес им е роденден: Симе Младеновски

Next Post
Денес им е роденден: Симе Младеновски

Денес им е роденден: Симе Младеновски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 128

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk