• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Летни филмски фестивали (2)

јули 9, 2021
in Филмољубие
Летни филмски фестивали (2)

Пред неколку недели ве информиравме за неколку летни филмски фестивали кои ќе се одржат ова лето на просторите од некогашната Југославија.

Овојпат ,ќе ве информираме за три големи европски филмски фестивали кои се одржуваат ова лето.Едниот од нив, Канскиот, започна во вторникот на 6. јули и ќе трае до 17.јули.Останатите два , оној во Карлови Вари и Локарно , ќе се одржат во август.

204018555 4274083822612521 3512559257916972635 n 1

74. КАНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ (6.7. – 17. 7.2021)

Годинешното 74.издание на Канскиот филмски фестивал беше поместено од мај во јули како би се добило во време и дочекала подобра епидемиолошка ситуација со ковидот -19.Како што е познато фестивалот во Кан , кој има статус на најпрестижен филмски фестивал , во изминатата година не можеше да се одржи заради пандемијата од корона вирусот.

Заради тоа на годинешниот фестивал, според известувачите од фестивалот, важат строги хигиенски мерки и сигурносни протоколи , вклучително и задолжително носење на маска за лице  во кино салите.

Освен тоа сите учесници на фестивалот кои доаѓаат од земјите надвор од ЕУ на секои 48 часа ќе мораат да се тестираат за да добијат ку-ар код како би можеле да се движат и престојуваат на просторите на фестивалот и во филмските сали, без обзир на тоа што веќе се вакцинирани и поседуваат Зелен дигитален сертификат.Ослободени од постојаното тестирање се само граѓаните на ЕУ кои се вакцинирани со вакцините „Фајзер“, „Астра Зенека “ и „Модерна“. И за европејците на било која друга вакцина , како и за оние кои се невакцинирани , важат истите правила:прво тест а потоа дневно учество на фестивалот.Ако се земе во обзир и цената на тестирањето од 50 евра, годинешниот престој во Кан чини витинско богатство и голема авантура.

По минатогодишната принудна пауза, Кан оваа година како да сака да го надокнади сето она што беше пропуштено ,па оваа година има богата филмска програма како ретко досега. За програмскиот дел на званичната програма во која по Златната палма се натпреваруваат дури 24 филма , како и за останатите програми веќе ве запознавме од порано.

download copy copy copy copy copy copy copy213526259 4315886151765621 9190456614744456209 n

Како што е познато , годинешниот фестивал беше отворен со музичката драма „Анет“ на францускиот режисер Лео Каракс во кој главните улоги ги толкуваат Марион Котијар и Адам Драјвер. Се разбира дека токму екипата која го создаде овој филм беше една од оние која го привлече вниманието на присутните фоторепортери кои ги следат случувањата на црвениот килим на кој прошетаа и Енди Мек Дауел, Хелен Мирен, Џесика Частејн, Педро Алмодовар…

213182969 4315822021772034 1755219594697586436 n

А освен нив големо внимание на црвениот килим предизвика и комплетното жири кое оваа година , за првпат во историјата на фестивалот, го предводи еден црнечки режисер.Та е американскиот режисер Спајк Ли кој на конференцијата за печат при преставувањето на жирито , меѓу другото ги изнел и своите политички погледи и убедувања.Покрај него во жирито членуваат уште и француската актерка и режисерка Мелани Лорен, американската актерка Меги Џиленхол, францускиот актер Тахар Рахим,, француската актерка и режисерка Мати Диоп, австриската режисерка Џесика Хауснер, канадско француската актерка и пејачка Мајлин Фармер, бразилскиот режисер Клебер Мендонка Филјо и јужнокорејскиот актер Канг- Хо Сонг.

214494718 4316585831695653 5443211473846828729 n

На церемонијата на свеченото отворање прва се обрати актерката и режисерката Џоди Фостер, откако режисерот Педро Алмодовар и ја врачи почесната Златна палма за животно дело, со зборовите: „Еве не конечно заедно во нашата убава облека“.

Веднаш потоа таа , Педро Алмодовар и јужнокорејскиот режисер Бонг Џон – хо, свечено го прогласија за отворен 74 . Кански филмски фестивал.

film5

И сосема за крајот на оваа информација, нешто што треба особено да се одбележи , а тоа е дека нашата земја за прв пат  на фестивалот во Кан има свој преставник во натпреварувачката програма за кусометражни филмови во трката по Златната палма во оваа селекција. Имено меѓу десетте избрани  филмови се најде и краткометражниот филм „Северен пол“ на младата режисерка Марија Апчевска – Петровска.Филмот беше избран во конкуренција од вкупно пријавени 3739 филмови од цел свет а во Кан ќе биде прикажан на 16.јули.

Се разбира, сега имаме причина повеќе да го очекуваме крајот на фестивалот , на 17. јули, кога ќе бидат доделени наградите на најдобрите.

AC36525AC2BAF29C495DD95000822F5E

74. ЛОКАРНО ФИЛМ ФЕСТИВАЛ  (4 – 14.8. 2021)

Еден од најстарите и во истовреме нај интересните летни европски филмски фестивали секако е оној кој секоја година, почнувајќи од 1946 година се одржува во Локарно , Швајцарија.Изминатата година тој се одржа виртуелно на стриминг платформа, на жалост на сите оние љубители на филмот кои секоја година уживаат на проекциите на филмови под отворено небо  на еден огромен простор , плоштадот Пјаца Гранде, кој е способен да пречека до 8000 гледачи секоја вечер. Неговиот џиновски екран ,еден од најголемитево Европа, опремен со извонредни квалитети за техничка проекција , го прави овој плоштад да биде едно од најубавите кина на отворено во светот.Овој уникатен амбиент ја собира разновидната фестивалска публика секоја вечер за одличен кинематографски настан на кој се прикажуваат филмови од престижни продукции од кои повеќето од нив се светски, меѓународни или европски премиери на кои се преставуваат режисерите и актерската екипа.

locarno hails hybrid format film festival

Гледачите на ова големо кино го формираат и најголемото жири на планетата, кое секоја вечер гласа за наградата „Наградана публиката“Освен тоа награда доделува и жирито составено од критичари кои ја доделуваат наградата „Вариете Пјаца Гранде“.

FCE35670163DBE2631216339C6604D5B

На плоштадот се прикажуваат филмовите од програмскиот сегмент именуван „Пјаца Гранде“кој содржи 14 филмови од најновата светска продукција но и филмови од постар датум како што се „Жештина“ на режисерот Мајкл Ман од 1995 година со Ал Пачино и Роберт Де Ниро и „Терминатор“ од 1984 година на Џејмс Камерон со Арнолд Шварценегер во главната улога.

Покрај оваа фестивалот има уште десет програми меѓу кои и „Меѓународна конкуренција“ со учество на 17 филмови од најновата светска продукција , кои се натпреваруваат за наградите именувани како „Златен леопард“.

download 1 copy copy copy copy copyNebesa 2021

Оваа година меѓу нив се наоѓа и филмот „ Неба“ на режисерот Срѓан Драгојевиќ во кој Северна Македонија учествува како копродуцент заедно со Србија, Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.Главните улоги во филмот ги толкуваат Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец, Милош Самолов, Наташа Марковиќ, Радослав Миливојевиќ и други.

За наградите ќе одлучува жири од пет члена чиј председстел е режисерката Елиза Хитман.

Од останатите програми ќе ги споменаме и програмите „Филмаџии од тековната конкуренција“во која се нуди избор на први или втори филмови, главно светски премиери, во режија на нови таленти од целиот свет.

Програмата „Надвор од конкуренција„ нуди неодамнешни филмови (кусометражни, есеистичкифилмови, играни филмовиили документарни филмови) потпишани од истакнати режисери кои веќе имале меѓународни или светски премиери.

„Историја на кинематографијата“посветен на историјата на филмот во чии рамки ќе бидат прикажани 23 филма. Оваа програма нуди филмски дела на филмаџии на кои фестивалот им оддава почест, на обновени верзии на ретки и важни филмови, но истотака и на филмови кои нудат нов поглед на на историјата на кинематографијата.

7E036883076506DA944AAD159C832EC2

„Ретроспективата“која овозможува продлабочување на знаењето за историјата на кинематографијата , одлични историски монографии, тематски програми или обемни почитувања на современите филмаџии па се до целосни ретроспективи, оваа година е посветена на италијанскиот филмаџија Алберто Латуада на која ќе бидат прикажани дури 40 филмови од неговото творештво.

Делот за детски проекции нуди дела насочени кон деца и адолесценти со особено внимание на филмовите преставени во националните премиери и реставрираните филмови со цел за  повторно откривање на историјата на кинематографијата.

Филмовите од останатите програми (освен оние од „Пјаца Гранде“ ) се прикажуваат во кино салите во Локарно.

Со олку обемна и квалитетна програма , организаторите се надеваат дека на љубителите на филмот ќе им го надоместат  сето она што беше пропуштено во изминатата пандемиска  година.

E1GOM5kXIAUP0FFlogo 55en

55.КАРЛОВИ ВАРИ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ (20 – 28 . 8. 2021)

По откажувањето на минатогодишното издание на Меѓународниот филмски фестивал Карлови Вари заради пандемијата, оваа година тој ќе се одржи по 55. пат во периодот помеѓу 20 и 28. август, или такаречи два месеци подоцна од неговиот редовен термин (крајот на јуни , почетокот на јули).Фестивалот , да се потсетиме , е еден од светските фестивали од такавиканата „А“ листа и еден од најважните фестивали во Источна Европа.

Во 2019 година фестивалот одлучи во натпреварувачките програми да ги вклучи и документарните долгометражни филмови, но заради неодржувањето на фестивалот во изминатата година , таа новина за првпат ќе се случи оваа година.Документарни филмови има и во двете натпреварувачки програми : Главната натпреварувачка програма и пограмата „ Исток на западот“.И двете натпреварувачки програми содржат по 12 филмови.

Во гланата натпреварувачка програма , во трката по наградата „Кристален глобус“меѓу избраните 12 филмови се најдоа и хрватскиот филм „Службена просторија“ на режисерката Сања Тарковиќ како и филмот на познатиот српски режисер Стефан Арсенијевиќ „ Колку што можам да одам“ кој преставува копродукција помеѓу :Србија, Франција, Луксенбург, Бугарија и Литванија.

Во втората натпреварувачка програма „Исток на западот“кој преставува меѓународен натпревар за дебитантски и втори долгометражни играни и документарни филмови од Централна и Источна Европа , Балканот , Грција, Турција и земјите од поранешниот Советски сојуз, ќе се натпреваруваат 12 филмови а меѓу нив и филмот „ Сестри“, првиот долгометражен филм на режисерката Дина Дума.

Sestra DinaDuma 1280x640 1sestra film na dina duma 1

Филмот ја раскажува приказната за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога тие ќе се соочат со последиците од нивното декадентно однесување.Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелковска и Миа Жаро.

Филмот кој се снимаше во 2019 година имаше подршка оа Агенцијата за филм на Северна Македонија и преставува регионална копродукција со Црна Гора и Косово.

Според најавите на организаторите на фестивалот оваа година свое премиерно прикажување ќе имаат дури 32 филма од сите краишта во светот.

film zatopek

Годинешниот фестивал ќе биде отворен со прикажувањето на чешкиот филм „Затопек“ , многу очекуваната драма на режисерот Давид Ончишек , која говори за четириккратниот носител на Златен олимписки медал , тркачот Емил Затопек, еден од најпопуларните спортистиво историјата на Чешка.

Единствената ретроспектива за оваа година ќе преставува почит кон прославеното дело на филмската фондација основана во 1990 година од Мартин Скорсезе. Тоа е непрофитна организација која е посветена на заштита и зачувување на историјата на филмот, враќајќи до денес над 900 класични филмски дела , како и помалку познати ремек – дела од целиот свет.На фестивалот ќе бидат прикажани десет внимателно избрани филмови произведени помеѓу 1932 и 1991 година. Меѓу избраните филмови се наоѓаат ремек –дела од САД, Брегот на слоновата коска, Шри Ланка, Мексико , Тајван и Мароко.

Организаторите надвор од програмата ќе прикажат избор на најзначајните филмови прикажани во текот на 2020  и 2021 година кои преставуваат избор на програмскиот тим на фестивалот.Списокот на овие филмови ќе биде објавен две недели пред започнувањето на фестивалот закажано за 20 .август.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 113
Share
Previous Post

КОВИД-19 билтен: Десет нови случаи , еден починат и петмина оздравени

Next Post

: Т`га за југ -74 препеви на 43 јазици на веб сграницата на СВП

Next Post
: Т`га за југ -74 препеви на 43 јазици на веб сграницата на СВП

: Т`га за југ -74 препеви на 43 јазици на веб сграницата на СВП

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk