Се наоѓаме такаречи во средината на летото кога се случува вистински метеж од филмски фестивали.
Така , вечерва во Кан со доделување на наградите на најдобрите , завршува еден од најпознатитеи најважните светски филмски фестивали кој оваа година се одржува по 74 пат и тоа во термин кој е невообичаен за него.Како што е познато, заради пандемијата , тој наместо во почетокот на мај, оваа година беше поместен во почетокот на јули.
Вечерва , паралелно во два различни града од бившите југословенски простори (Пула и Палиќ) започнуваат два големи филмски фестивали. Во Пула со проекцијата на хрватскиот филм „Мурина“ на режисерката Антонета Аламат Кисијановиќ, започнува 68. Пулски филмски фестивал , најстариот филмски фестивал кој се одржуваше во бившата држава Југославија .Фестивалот завршува на 24 . јули со доделување на популарните награди “Пулска арена“.
Во истовреме во Палиќ, Србија, започнува 28 по ред фестивал на Европскиот филм со проекцијата на филмот „Мавританецот“(„Дневникот на Гвантамано“) на режисерот Кевин Мек Доналд.Фестивалот ќе трае до 23. јули.
И за трите фестивали пошироко ве информиравме во изминатите недели . Денес акцентот ќе го ставиме на еден филмски фестивал кој ќе се одржи во нашиов град , следната недела.Се работи за :
4.БИЧ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ (21 – 25. јули 2021)
Откако изминатата година фестивалот со успех се избори со пандемијата , и тоа во период кога голем број на фестивали не се одржаа или се одржаа виртуелно на стриминг платформи, оваа година фестивалот ќе се одржи во порелаксирачка атмосфера , се разбира, со примена на сите пропишани мерки од министерството за здравство за одржување на манифестации од ваков вид.
Веднаш мора да се каже дека фестивалот оваа година повторно се сели на нова локација која е во близина на минатогодишната. Имено, тој ќе се одржува на локацијата „Горица 3“ покрај брегот на езерото со што во потполност го задржува основното мото од своето име
Фестивал на плажа.
Организаторите на фестивалот оваа година приредуваат едно големо изненадување.
Оваа година нема карти за БФФ, затоа што целиот фестивал ќе биде бесплатен. Со ова тие сакаат да го надокнадат сето она што го пропуштивме во изминатиов период, за да се потсетиме дека се што е лошо ќе помине, а подоброто дека доаѓа.
Сега останува љубителите на филмот , музиката и дружењето да дојдат на местото на одржувањто на фестивалот и да уживаат во добра забава. До таму тие можат да стигнат и пешки, со велосипед а оние најхрабрите , со пливање.Останува само времето да биде онакво како што го посакуваат сите. Мирно ,тивко со безброј ѕвезди на темното небо.
Збор два и за програмскиот дел на фестивалот.Селекторите на фестивалот кој е деклариран како фестивал на новиот европски филм , во натпреварувачката програма избра пет филма.
На денот на отворањето на фестивалот, во среда на 21. јули, ќе биде прикажан филмот
„Месечина, 66 прашања“кој преставува француско грчка копродукција.
Оваа драма како режисер ја потпишува Жаклин Ленцоу а главните улоги ги токуваат : Лазарос Георгакопулос, Софија Колали и Никитас Цакиротлу.
По повеќегодишно одсуство, Артемедиа мора да се врати во Атина заради лошата здраствена состојба на нејзиниот татко.Откривањето на добро чуваната тајна на нејзиниот татко и’ овозможува на Артемедиа да го разбере нејзинот татко , на начин на кој порано тоа не можела да го стори. Тоа е причина за првпат вистински да го засака .
Филмот беше прикажан за првпат на годинешниот фестивал во Берлин.
Во четврток на 22. јули ќе биде прикажана фрнцуско белгиската копродукција „Секс риба“.
Се работи за романтична комедија која ја раскажува приказната за Даниел, кој го проучува исчезнувањето на рибите. Опседнат со татковството, тој бара жена која би била мајка на неговите деца. Во меѓувреме, тој открива една чудна риба и притоа ќе открие што е тоа што му недостасува во неговиот живот. Тоа е љубовта…
Режисер на филмот е Оливер Бабинет а главните улоги ги толкуваат: Густав Керверн, Индија Хер, Елен Дорит Птересен Алексис Менети…
Во петок на 23.јули ќе има двојна паралелна филмска програма. На плажата „Горица3“ ќе биде прикажан филмот „Човечки фактори“. Оваа драма преставува германско италијанско данска копродукција која како режисер ја потпишува Рони Трокер. Главните улоги во филмот ги толкуваат : Марк Вашке, Марте Шнајдер, Сабине Тимотео и Усак Дентлер.
Јан, Нина и нивните две деца се космополитско семејство од средна класа. Нина и Јан имаат успешна кариера како директори во нивната рекламна компанија. Но, кога Јан ќе прифати да работи на кампања на една политичка партија, исклучувањето на Нина од донесувањето одлуки доведува до сомневање и недоверба кај оваа брачна двојка. Кога ќе решат да поминат семеен викенд во својата куќа во крајбрежното летувалиште, ќе се случи еден инцидент кој ќе предизвика потрес во семејните односи.Филмот ја открива кревкоста на вистината во хипермедијализираниот свет и моќта на индивидуалната перспектива.
Филмот премиерно беше прикажан на годинешниот фестивал на независни филмови , Санденс.
Истата вечер , но на друга локација – на бродот „Армада“ќе биде прикажан српскиот филм „Единствен излез“ на режисерот Дарко Николиќ.
Големиот пожар во белградскиот ноќен клуб „Единствен излез“ќе однесе 12 животи.Ана Колар таа кобна ноќ била во клубот заедно со својот сопруг Саша.Тој ќе изгори во пожарот а Ана доживува тешко труење со јаглендиоксид заради што ќе падне во кома и на ништо не се сеќава што се случило.
Ана продолжува да живее со својот син Лука но не може да се помири со губитокот и има чести напади на паника и ноќни мори.Шест години подоцна е објавена пресудата за виновникот во врска со пожарот. Ана добива мејл од непозната адреса со видео клип на кој таа ќе го види својот покоен сопруг и ќе поверува дека тој и понатака е жив.
Потрагата по Саша ќе ја воведе Ана во еден замрсен круг на насилство,лаги и уцени и ќе ја натера да се соочи со најмрачните тајни од минатото.
Гланата улога во филмот ја толкува актерката Анѓелка Прпиќ позната по ликот на Анѓелка од тв серија „Анѓелка и Андрија“.Покрај неа во филмот настапуваат уште и
Љубомир Бандовиќ, Даница Максимовиќ, Андрија Бошковиќ….Забележителни улоги во филмот имаат и македонските актери Тони Михајловски и Никола Ристановски.
Инаку филмот „Единствен излез“ беше еден од најгледаните филмови кај нашите северни соседи во почетокот на оваа година.Од материјалите снимени за овој филм беше направена и тв серија од 10 епизоди која беше голем хит оваа пролет.
Последниот филм од годинешната селекција е драмата „Медена пура“ и преставува француско алжирско белгиска копродукција. Се работи за дебитантски филм на режисерката Камир Ајнуз во кој главната улога ја толкува младата актерка Зое Аѓани која е родена внука на познатата актерка Изабела Аѓани. Филмот беше дел од програмата на минатогодишниот филмски фестивал во Венеција.
Приказната на филмот говори за 17 годишната Селма која живее во буржоаско и секуларно семејство Бербери.Кога на колеџ ќе го запознае Џулиен, таа за прв пат го сваќа влијанието на патријахалните правила врз нејзината интимност.
Годинешното жири кое ќе одлучува за тоа кој ќе ги добие наградите Голем и Мал бран како и наградата за најдобро актерско остварување„Стефан Сидовски“ ќе работи во состав:
Сергеј Трифуновиќ – Филмски актер
Ана Василевска – Филмски теоретичар , критичар и новинар
Елеонора Венинова – Филмски режисер
Жирито добитниците на наградите ќе ги соопшти во сабота на 25. јули во 21 часот на затворањето на фестивалот. Веднаш потоа ќе бидат прикажани кусометражниот филм „Ромео и Јулија“ како и долгометражниот македонски игран филм „Хомо“ на режисерот Игор Иванов –Изи.
Фестивалот како и досега и оваа година има официјална селекција од краткометражни филмови кои на програмата ќе бидат прикажани во четврток , петок и сабота пред прикажувањето на долгометражните филмови.
Дел од фестивалската програма ќе биде прикажан и во Лапидариумот во Охрид во четврток . Таму ќе биде прикажани анимирани , студентски кратки филмови како и филмот „Ќеиф“посветен на македонската чалгија . Филмот е во режија на Блаже Дулев а е реализиран според сценариото на Ристо Солунчев.
Оваа година во рамките на фестивалот ќе се одржат и две работилници кои ќе траат по два дена. Првата е посветена на филмската шминка и маска за која е задолжена Ирена Сенокозлиоска а втората работилница е посветена за филмската критика која ќе се одржи на 22 и 23.јули под раководство на Ана Василевска која е член на годинешното жири.
Организарорите и оваа година се погрижиле фестивалските вечери да започнуваат и завршуваат со настап на музичари и познати ди џеи со што присутната публика ќе имаат можност за прекрасна забава.
На организаторите и посетителите на фестивалот останува да им посакаме убаво и мирно ѕвездено небо додека трае фестивалот.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк