• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Летни филмски фестивали

јули 17, 2020
in Филмољубие
Летни филмски фестивали

Како што ветивме изминатиот пат, овојпат малку пошироко, ќе говориме за престојниот трет по ред филмски фестивал на новиот европски филм – Бич филм фестивал 2020 кој оваа година ќе се одржи од 22 до 26 јули во Охрид ,но на нова локација.

Но пред тоа би сакал да споделам две информации за два други летни филмски фестивали за кои ве информиравме порано.

download copy copy copy

67. ПУЛСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Според зацртаните најави , годинешниот 67. Пулски филмски фестивал требаше да започне вечерва на 18. јули и да трае до 26.јули. Но, само неколку дена  пред тоа да се случи , во средата на 15, јули организаторите објавија соопштение во кое се вели дека  фестивалот ќе биде одложен и дека неговото одржуување се поместува за почетокот на септември.

„Желбата на сите е да продолжи континуитетот на Фестивалот и годинешната селектирана продукција  да биде квалитетно прикажана. Организаторот заедно со уметничкиот директор ќе му предложи на Филмскиот совет, во склад со сите мерки, нов изглед на Фестивалот и распоред на проекциите и за сето тоа ќе се донесе соодветна одлука.Со надеж дека епидемиолошките услови ќе го дозволат тоа , ние се радуваме дека пулската публика сепак ќе може да ужива во Фестивалот и филмовите“ се наведува во нивното соопштение.

Слична судбина доживеа уште еден летен филмски фестtивал кој исто така се одржува во Хрватска . Се работи за

mff2020 web header 1920x850 1

23. МОТОВУН ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Во средата на 15. јули. организаторите на филмскиот фестивал во Мотовун издадоа соопштение во кое меѓу другото стои:

„ Со желба мотовунскиот рид на филмови на сите да им остане место на убави спомени , донесовме тешка одлука:Централната програма на фестивалот која требаше да се одржи по 23 пат во периодот од 30. јули до 1.август во Мотовун е одложен за некое друго време.По состанокот на преставниците на фестивалот,одборот за цивилна заштита на истарската Жупанија и преставниците на општината Мотовун, одборот на фестивалот ја донесе следната одлука:

„ Заради влошената епидемиолошка ситуација поврзана со пандемијата Ковид – 19 во Истарската жупанија, мислиме дека одржувањето на филмскиот фестивал Мотовун е настан од исклучително висок ризик и затоа предлагаме тој оваа година да се откаже.“

„ Почитувајќи го мислењето на стручњаците , и имајќи ги во предвид околностите во земјата и непосредното опкружување кои се менуваат, заклучивме дека епидемиолошката ситуација  не е погодна за собирање на посетители во малечката средина на Мотовун, дури ни во услови на прилагоденото издание кое го подготвивме за оваа година“.

„ Во моментот кога одлучивме да го одржиме фестивалот, бројот на заболените во Хрватска беше на нула, а оптимизмот во пораст – но и тогаш знаевме дека мораме да бидеме подготвени на реакција ако ситуацијата се промени. Заради тоа оваа одлука е резултат на нашето чувство на одговорност за посетителите, жителите на Мотовун и на повеќето од стоте членови на фестивалската екипа, и заради тоа со нашето одговорно однесување сакаме да дадеме свој придонес за општото добро“ изјави директорот на фестивалот Игор Марковиќ.

107128632 712114759624784 7278025313976213967 o

Со ваква дилема или трилема не се соочуваат организаторите на третиот по ред филмски фестивал на новиот европски филм – БИЧ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ 2020 кој треба да започне во среда на 22 .јули .

 

109717946 718273985675528 6617141105204971012 n Fotor Collage

Оваа година фестивалот, заради актуелната ситуација со коронавирусот, наместо на прекрасната локација – плажата „Оревче“, ќе се одржи на плажата Св . Стефан пред хотелот „Холидеј – М“. На тој начин оваа година фестивалот , физички, ќе биде поблиску до оние кои ќе сакаат да присуствуваат на фестивалот и да уживаат во неговата годинешна програма.До таму тие можат да стигнат и  пешки, со велосипед а оние најхрабрите , со пливање.

109101730 717331362436457 7189674591439936847 o
Фестивалската програма содржи пет европски играни филмови ,12 кусометражни филмови  и студентски филмови.
 Фестивалот започнува во среда на 22.јули  на плажата Св. Стефан во 20 часот кога ќе настапи младиот актер Валентин Тино Костадиновски кој настапува во татарот Комедија во Скопје.
Веднаш потоа во 20 и 45 часот ќе биде одржана специјална проекција на филмот „Сплавот “. Вечерта завршува со проекција на избор на македонски студентски филмови.
107601223 713897492779844 7239334860958535395 o Fotor Collage
Официјалната филмска програма од годинешната селекција започнува во четврток на 23.јули , кога со почеток во 21часот и триесет минути ќе биде прикажан дебитантскиот филм „ Асиметрија“ на српската режисерка Маша Нешковиќ.
Филмот говори за три двојки кои живеат во еден град а кои се чини ја делат истата судбина.Главните улоги во филмот ги толкуваат:Дана Лоренци,Уликс Фехмиу, Мира Јањетовиќ, Младен Совиљ, Лола Витасовиќ, Матеја Пољчиќ и други.Проекцијата на филмот ќе преставува особено доживување бидејќи таа ќе се одржи на палубата на бродот „ Армада“.
Истата вечер, паралелно (во 21,30ч.) на плажата во Св. Стефан ќе се одржи проекцијата на шпанско грчкиот филм „ Прозорец кон морето“ на режисерот Мигуел Ангел Хименез во кој настапуваат :Акилас Каразизис, Костас Петроу, Ема Суареез и други.
Филмот ја раскажува приказната за Марија, една средовечна жена ,која откако ќе се соочи со промени во животот, одлучува да замине во Грција со најблиските пријателки и покрај противењето на нејзиниот син и лекарите.
Во петок на 24.јули во официјалната селекција на играни филмови во 21:35 часот ќе биде прикажан германскиот филм „ Лавкат“ на режисерките Илијана Естањол и Јохана Лита.Се работи за филм со модерна тематика кој  преку различни испреплетени  приказни, раскажува за три тинејџерски двојки и нивните конфликти со идентитетот, љубовта и сексуалноста во денешното дигитално, брзо менување на општеството кое нуди многу можности, како и екстремни предизвици. Она што го гледаме  е всушност снимка, извадок од нивните животи и нивните љубовни приказни. Филмот преставува обид да се разбере подобро смелата младина на нашето време, како и општеството во кое живееме.
Во сабота (25,јули) на официјалната програма се два играни филмови. Првиот ќе биде прикажан во 20:45 ч. Се работи за рускиот филм „Слободен сум“ во режија на Илја Северов.Филмот говори за  17 годишниот Артјом кој доаѓа во приморскиот летен камп за проблематичните деца, каде се обидува да започне нов живот и да избега од неволји и грди спомени.
Вториот и воедно петтиот филм од натпреварувачката програма , ќе биде прикажан од 22:30 часот. Се работи за холандскиот филм „ Кала азар“на режисерот Јанис Рафа чие дејствие се случува во Грција.
Тоа е филм кој говори за постоењето , за границите меѓу живите и мртвите, човечките и нечовечките.Кала азар е медитација на парадоксот на животните кругови меѓу суштествата од различни видови.
Фестивалот завршува во недела на 26.јули кога ќе бидат прогласени добитниците на наградите и  со премиерна  проекција на шеесет минутниот филм „ТМ“, докуфикција  во режија на неуморните инди автори Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов чиј став и стил соодветствува со духот на БФФ.
106398264 708355673334026 3884865741839024458 o Fotor Collage
Жирито кое ќе ги оценува фимовите од главната натпреварувачка програма ќе биде во состав. Наташа Петровиќ, филмска и театарска актерка, македонскиот режисер Вардан Тозија и Елена Станишева , филмски продуцент.

Сите пет фестивалски вечери содржат и концерти  на познати музички групи и изведувачи.

Влезниците се во ограничен број и чинат по 100 денари. Тие се веќе пуштени во продажба и можат дасе купат само онлајн на адресата :https://www.kupikartizase.com/Events/bff_2020

Во рамките на годинешниот фестивал во петок , сабота и недела  во просториите на гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе бидат одржани работилници за актерска игра :Озвучи ја својата имагинација. Работилницата е во соработка со Блендер – фестивал за децентрализирана култура а  ќе ја води актерката и театролог Христина Цветаноска. Работилницата  има за цел да ги запознае учесниците со основните принципи на актерскиот креативен процес.
Освен тоа во четврток на плажата Св. Стефан со почеток во 17 часот ќе биде одржана и работилница насловена како:. Локална перспектива за млади филмаџии: Од филм без буџет до долгометражен филм.

Се’ на се’ љубителите на филмот и убавата забава ќе имаат навистина прекрасна можност за забава и другарување на локацијата на плажата Св. Стефан .Да се надеваме дека се ќе помине во најдобар ред и дека фестивалот заслужено  ќе го потврди своето место   на картата на културните збиднувања во нашиот град.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 69
Share
Previous Post

Денеска 1612 тестирања, 164 новозаболени и петмина починати

Next Post

Денес им е роденден: Валентина Бачваровска

Next Post
Денес им е роденден: Валентина Бачваровска

Денес им е роденден: Валентина Бачваровска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 69

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk