• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Летни филмски актуелности

август 14, 2020
in Филмољубие
Летни филмски актуелности

Во периодот од годината кога во некои други времиња пишувавме за големите филмски блокбастери на кои публиката им се радуваше  и за летните филмски фестивали кои се одржуваа насекаде низ светот, ова лето за жал пишуваме само за откажувaње или одложување на  фестивалите и одложување на прикажувањето филмските блокбастери за некои подобри времиња.

Но, понекогаш во ова време  невреме пишуваме и за филмски настани кои се вистинска реткост. Така, кон средината на изминатиот месец во Охрид успешно се одржа третиот по ред Бич филм фестивал а од вчера во нашиот град ,по Скопје и Велес ,се одржуваат проекции на три филмови во летно кино со автомобили.

11 copy copy

 

ЛЕТНО КИНО СО АВТОМОБИЛИ ВО ОХРИД

Културолошката иницијатива „ 5 до 12“ во склоп на алтернативното културно – забавно лето од вчера до утре организира проекции на три филмови кои се одржуваат на паркингот „Горица 3“ кај некогашната плажа „ Немо“ која сега го носи името-Градска плажа „Горица 3“.

Проекциите се закажани со почеток во 21 часот, а со цел да се избегне гужва, од организацијата најавуваат дека паркингот ќе биде отворен од 19 часот и 30 минути. За тоа време е организирано и „загревање“ со млади ди-џеи и изненадувања.

Првиот ден од настанот, односно вчера ,се одржа  проекцијата на филмот „Малиот Гангстер“. Денес  ќе може да се проследи македонскиот филм „Панкот не е мртов“на режисерор Владимир Блажевски, а настанот ќе заврши утре (недела)со проекцијата на филмот „Куќата што ја изгради Џек“на контроверзниот дански режисер Ларс Фон Трир со Мет Дилон и Бруно Ганц во главните улоги.

Организаторите соопштуваат дека картите за една вечер изнесуваат 400 денари од автомобил по двајца и додаваат дека бројот на карти е ограничен. Тие можат да се набават онлајн на линкот https://www.kupikartizase.com, како и на сите продажни места на „Купи карти за се“.

„Влезот за возилата е од страната на хотелот ИНЕКС Олгица 2 (од кај кружниот тек) према паркингот„ Горица 3 “, стои во нивното соопштение.

download copy

ОДЛОЖЕН ФЕСТИВАЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ ФИЛМ ВО ПАЛИЌ

Годинешниот 27. Фестивал на европскиот филм Палиќ не се  одржа во најавениот термин, од 8 до 14 август, заради сузбивањето на пандемијата од вирусот ковид -19, а оваа важна филмска смотра се одложи се’ додека не се создадат услови за нејзино одржување, стои во соопштението на организаторите на фестивалот

Фестивалот најпрвин беше закажан во вообичаениот термин од 18 до 24 .јули,за да биде поместен за две недели подоцна во август.

Идејата на организаторот беше да се обезбеди што подобра и побезбедна организација на оваа манифестација која се одржува на отворено.За отворање на фестивалкот беше предвидено да биде премиерно прикажан најновиот филм на познатиот режисер Дарко Бајиќ „ Во име на народот“.Овој филм , кој преставува историска приказна за Светозар Милетиќ, угледен адвокат, некогашен градоначалник на Нови Сад и еден од најзначајните и највијателни српски политичари во Авструнгарија  во втората половина на 19. век , ќе го отвори фестивалот во Палиќ кога за тоа ќе се создадат услови за негово одржување.

 SFF online SLIDE

26.САРАЈЕВО ФИЛМ ФЕСТИВАЛ ВО ОНЛАЈН ИЗДАНИЕ

Заради алармантната епидемиолошка ситуација во Кантонот Сарајево, 26 издание на Сарајево филм фестивалот (14 – 21. август)во потполност се одржува во онлајн формат.

Одлуката за ова е донесена врз основа на упатството и информацијата добиени од Штабот на цивилна заштита на Кантонот Сарајево и Кризниот штаб на Федералното министерство за здравство од 4.август.2020 година.Тие меѓу другото вклучуваат и  „препораки  за жителите на подрачјето на Федерацијата на БиХ да се избегнуваат групни собирања и да го ограничат своето движење , заради вирусот ковид -19 и влошувањето на епидемиолошката ситуација“ .

На овој начин Сарајево филм фестивал ја потврдува својата одговорност и обврска кон заедницата  во која делуваат.

Гледачите од цела Босна и Херцеговина и регионот на онлајн платформата ondemand.sff.ba ќе можат да ги гледаат програмите на годинешниот Сарајево филм фестивал. Преку оваа платформа на гледачите ќе им биде овозможен пристап и во пратечките програми , како што се предавањата и разговорите со авторите на филмовите.

Во трка за наградите се дури 49 филма, распоредени во четири натпреварувачки програми, и тоа програма на играни филмови, на кратки, на документарни и на студентски. Во главната програма се вклучени осум играни филмови, а интересно е дека два се од грчки режисери, два од режисери од Косово, а по еден од Турција, Романија, Азербејџан и хрватско/швајцарски на познатата режисерка Андреа Штака. Македонија се јавува како копродуцент на филмот „Галаксија Андромеда“ на младата режисерка од Косово, Море Раца, на која ова и е деби, но со претходните три кратки филма освои бројни награди. За наградата Срцето на Сарајево ќе одлучува жири од пет члена кое е предводено од познатиот француски режисер Мишел Хазаванициус.

10 copy copy

Фестивалот започна синоќа во 20 часот со светската премиера на филмот „ Концентрирај се, бабо“ на режисерот Пјер Жалица кој можеше да се види онлајн на платформата ondemand.sff.ba

На режисерот Жалица ова му е трет игран филм по филмовите „ Гори огон“ (2003) и

„ Кај вујко ми Идриз“(2004) и воедно трет пат да го отвора фестивалот во Сарајево.

Дејствието на филмот се случува во Сарајево во април .1992 година. Големото семејство , расфрлано низ цела Југославија , се собира во Сарајево околу посмртната постела на старата мајка.Таа не е добра , но прогнозата на семејниот доктор дека нејзината смрт е прашање на минути , се претвора во часови, потоа во денови…Почнуваат сплетки, измами и караници околу наследството кое ќе остане зад старицата, а особено околу семејната куќа во Сарајево.И тогаш , започнува војната…

Главните улоги во оваа траги комедија ги толкуваат:Јасна Жалица,Емир Хаџихафисбеговиќ, Алма Прица, Јадранка Ѓокиќ, Мира Бањац…

Во рамките на програмата „ Фокус“ ќе бидат прикажани десет филмови а меѓу нив и македонскиот филм „ Врба“ на режисерот Милчо Манчевски.

116436394 3595782510449156 8465385787111350278 o 

67.ПУЛСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

На 30.јули, фестивалскиот совет на 67. Пулски филмски фестивал објави дека новиот термин на одржување на фестивалот е од 29.август до 4. септември со примена и почитување на сите епидемиолошки мерки кои тогаш ќе важат.

Фестивалот ќе биде отворен со порано најавениот хрватско – швајцарски филм „ Маре“ на режисерката Андреа Штака.

За овој фестивал подготвуваме поширока информација пред неговото започнување на 29. Август.

11055901345f1a998f9f8e6567145986 v4 big 

ОТКАЖУВАЊЕ НА ПРЕМИЕРИ НА ФИЛМСКИ БЛОКБАСТЕРИ

Неодамна, американската продукциска куќа „ Волт Дизни“одлучи да ја одложи премиерата на филмот „ Мулан“ на неодредено време, со што кино салите останаа без уште еден адут  кој можел да им помогне да привлечат поголем број на посетители во ситуација во која пандемијата на корона вирусот и понатака трае.Најпрвин беше планирано „ Мулан“ во кино салите да започне да се прикажува во март, но тоа беше одложувано неколку пати бидејќи многу кино сали беа затворени заради пандемијата, а пред последното одлагање како можен датум за негова премиера беше закажана за 21.август.

Компанијата „Волт Дизни“соопшти истотака дека за една година се одложени премиерите на новите филмови од популарните серијали „ Аватар“ и „ Војна на ѕвездите“ заради тоа што пандемијата ја попречила работата на продукцијата на филмот.

Заради тоа сега се очекува дека продолжението на „ Аватар“во кино салите ќе се појави во декември 2022 , додека следниот серијал од „ Војна на ѕвездите“ во кино салите би можел да дојде во декември 2023 година.

И компанијата „ Парамаунт пикчерс“истотака сопшти дека премиерата на филмот „ Топ ган: Маверик“ која беше предвидена за крајот на декември оваа година е одложена за јули, 2021 година. „ Ворнер брадерс“ ја одложи премиерата на трилерот „ Тенет“која беше предвидена за август.

Како ќе се одвиваат работите во наредниот период никој не може да каже.

Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 103
Share
Previous Post

Нова дограма за училишната работилница во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“

Next Post

Центар за јавно здравје: Во Охрид се 78, во Струга 169, а во Дебар 65 активни случаи со корона

Next Post
Центар за јавно здравје: Во Охрид се 78,  во Струга 169, а во Дебар 65 активни случаи со корона

Центар за јавно здравје: Во Охрид се 78, во Струга 169, а во Дебар 65 активни случаи со корона

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 103

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk