• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

„Летно време“ за во лето

август 7, 2020
in Филмољубие

 Љубовните филмови се посебен филмски жанр кој е мошне популарен кај скоро сите генерации бидејќи љубовта не познава граници ниту пак години.Кај љубовните филмови главна тема од приказната е љубовната приказна или потрагата по неа. Заплетот во љубовните филмови може да го создадат и секојднавните љубовни тензии и искушенија, неверството како и карактерните и и другите разлики помеѓу главните јунаци.

Инаку, најчестите теми на љубовните филмови се : љубовта на прв поглед, невозвратената љубов,опсесивната љубов, духовната љубов, забранетата љубов, сексуалната и страствена љубов, деструктивната љубов, трагичната љубов, разликата во години …Љубовните филмови на гледачите им служат како бегство од стварноста особено ако главните јунаци ќе ги надминат сите тешкотии и предизвици во животот за на крајот да живеат среќно до крајот на животот.

Но има и такви кои не завршуваат среќно туку оставаат траги кои како лузни едниот или другиот партнер ќе ги носи и чуствува доживотно.Што би рекле , нема љубов без болка.

А токму летото е создадено за љубов и љубовни авантури но и за гледање на филмови од овој жанр.

Овој вовед го направивме за да ве потсетиме токму на еден љубовен филм кој плени со својата убавина, филм чие дејствие се случува во еден од најромантичните градови во светот , филм кој е направен од вистински мајстори на својот занает .

9 copy copy copy

Според многумина еден од најдобрите романтични филмови кои биле прикажани во летниот период кога на филмскиот кино репертоар , во некои други времиња, се прикажуваа филмови со полесна необврзувачка содржина ,е филмот „ Летно време“ од далечната 1955 година.

Филмот преставува американско британска копродукција која како режисер ја потпишува еден од најдобрите британски режисери – Дејвид Лин.Ова е неговиот  последен  „малечок

филм“кој тој го реализира пред да започне со реализација на петте големи високо буџетни филмови кои траеа по повеќе од три часа.Да се потсетиме , беа тоа филмовите: „Мостот на реката Квај“ (1957), „ Лоренс од Арабија“ (1962), „ Др. Живаго“ (1965), „Рајановата ќерка“ (1970) и „ Патот до Индија“ 1984).

Сценариото за филмот го напишале Дејвид Лин и Херберт Ернест Бејтс врз основа на театарската престава „ Времето на кукавицата “ на авторот Артур Лоренс во која главната улога ја играла актерката Ширли Бут која била поставена на Бродвеј во 1952 година.За оваа улога таа ја освоила наградата Тони за најдобра женска улога.

Познатиот филмски продуцент Хал Волис по овој успех на преставата се заинтересирал за откуп на филмските права , но сметал дека актерката Бут е престара за улогата во филмската адаптација и во оваа улога ја гледал Кетрин Хепберн.

На крајот правата за екранизација ги добила продуцентот Илја Лапарт кој пак имал идеја главната улога да ја толкува актерката Ширли Бут а филмот да го режира Анатол Литвак.

Пред самиот почеток на рализацијата на филмот биле споменувани поголем број на познати имиња кои би учествувале во филмот.Така, во еден момент продуцентот Лапарт размислувал главната машка улога да му ја додели на режисерот и актерот Виторио Де Сика. Од друга страна познатиот режисер Роберто Роселини изразил интерес за режија на овој филм со тоа што главната улога би ја играла Ингрид Бергман во ликот на Џејн. Наводно за оваа улога била заинтересирана и Оливија Де Хавиланд , која почина неодамна на 104 години.

tumblr p59u2lsWKR1r4w6kmo1 1280

Но, по многу перипетии за режисер бил избран Дејвид Лин кој го напишал сценариото заедно со споменатиот Х.Е.Бејтс а главните улоги им биле доделени на Кетрин Хепберн и

Росано Браци.

Дејствието на филмот се случува во еден од најромантичните градови во Италија и светот, Венеција.Приказната на филмот ја следи Џејн Хадсон, немажена „стара мома“, адвокатка во едно средно училиште во градчето Акрон во државата Охајо.Откако во годините наназад заштедила поголема сума на пари , таа одлучува за време на својот летен одмор да отпатува во Венеција , град за кој одсекогаш сонувала.

Во текот на патувањето до пансионот во кој треба да престојува , Џејн ја запознава американската брачна двојка Мек Лини.Во самиот хотел ја запознава и сопственичката госпоѓата Флорини.Во хотелот одседнуваат и младиот сликар Еди Јегер со неговата сопруга Фил.

3 copy copy copy copy copy copy copy

Истата вечер , по сместувањето во хотелот, Џејн се упатува кон плоштадот Сан Марко каде седејќи осамена во едно кафуле нејзиниот поглед го задржуваат среќните млади двојки на кои им завидува.Во истовреме таа забележува дека еден италијанец, кој истотака седи сам на една од соседните маси, ја набљудува со интерес, но таа брзо заминува во хотелот.

Следниот ден додека шета по улиците на Венеција сакајќи да купи вреден антиквитет, нејзиното внимание во еден излог ќе го привлече еден црвен пехар. Влегува во дуќанот и набрзо го запознава сопственикот. Тоа е Ренато Де Роси , оној истиот господин кој предходната вечер ја набљудувал во кафулето.

Пехарот ќе биде причина тие подобро да се запознаат и меѓусобно да си признаат дека се вљубени еден во друг.Нивната љубов ќе наиде на големо искушение кога Џејн по игра на случај ќе дознае дека Ренато има возрасен син и уште неколку деца. Ренато доаѓа во хотелот и признава дека е оженет , но дека тој и неговата сопруга живеат одвоено.Не сакал тоа да и го каже бидејќи стравувал дека Џејн ќе се уплаши уште на самиот почеток од нивната врска.Тој воедно ја обвинува за нејзината незрелост и неможноста да го прифати сето она што може да го има во реалноста наместо да копнее по него.

9 copy copy copy copy

Откако следниот ден ќе го поминат заедно на островот Бурано, таа сака да ја прекине врската со  Ренато од причина што знае дека таа врска нема иднина.Затоа Џејн одлучува да се врати дома.Ренато ја проколнува да остане, но Џејн инсистира да замине.

2 copy copy copy copy copy copy copy

Иако го моли тој да не доаѓа на желаезничката станица , таа сепак потсвесно се надева дека сепак ќе го види уште еднаш.И додека возот полека тргнува , Џејн ќе се воодушеви кога ќе го види Ренато како трча по него.Но возот веќе е пребрз и тој не може да го стигне за да и го даде неговиот поклон за разделба…

Во почетокот на реализацијата на филмот, на градските власти на Венеција не им се допаднала молбата на режисерот Дејвид Лин филмот да се снима на автентични локации во текот на летните месеци кога туристичката сезона е во својот врв. Локалните гондолиери се заканиле со штрајк заради потенцијалниот губиток во нивната заработка.Меѓутоа  проблемот бил решен откако компанијата Јунајтед Артист дала дарежлива финансиска донација  за обнова на базиликата на Свети Марко.Режисерот Лин истотака морал да му вети на кардиналот дека во сцените каде што се гледаат црквите нема да има девојки во куси фустани и блузи со голи раменици.

Распоредот на снимање на Кетрин Хепберн бил толку пренатрпан што таа снимала такаречи од утро до вечер со неколкучасовен престој на жешкото летно сонце. Таа во една прилика рекла дека повеќе била изложена на сонце во овој филм отколку во „Африканската кралица“кое се одвивало во Африка.

5 copy copy copy copy copy copy

Снимањето на овој филм во Венеција врз неа остави и една доживотна трага. Имено, кога во една од сцените таа паѓа во еден од загадените венециски канали таа ќе заработи инфекција на едното око која и останала до крајот на животот.Сцената таа не сакала да ја сними стравувајќи за своето здравје. Режисерот не сакал да ангажира дублер бидејќи  разликата ќе била забележителна. На крајот Кетрин се сложила  а сцената била повторувана четири пати.

По прикажувањето на филмот во кино салите ширум светот, интересот на туристите за посета на Венеција двојно се зголемил. Едно од најпосетените места станало она на кое Хепберн паѓа во еден од каналите.

Филмот бил сниман во текот на јули 1954 година на локации во Венеција а премиерно бил прикажан на 7. ноември. 1955 година во Лондон.

Неколку години подоцна режисерот Дејвид Лин ќе го прогласи овој филм за негов најомилен филм.Во текот на снимањето тој толку се заљубил во Венеција што таму купил живеалиште кое го прогласил за свој втор дом.

Филмот „ Летно време“ заработи две номинации за наградата Оскар. За Најдобра режија за Дејвид Лин и најдобра женска улога за Кетрин Хепберн.

Филмот заработи и две номинации за националните филмски награди на британската филмска академија ( Бафта) во категориите најдобар филм и најдобра странска актерка за Кетрин Хепберн.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 76
Share
Previous Post

Изградба на потпорни ѕидови во населба „Рача“ и село Коњско

Next Post

Во Аквариус на CROWN пиво!

Next Post
Во Аквариус на CROWN пиво!

Во Аквариус на CROWN пиво!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 76

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk