Летото календарски е пред крај. Но убавото време ќе не послужи и неделава што е пред нас.
Денеска Охрид се капеше во синилото и сончевите езерски зраци. Мирниот и спокоен ден мнозина го искористија за прошетка крај езеро, дел од нив се нурнаа во сините води а други со кафе муабет му се радуваа на пријатно време.
Фотогалеријата е од пред Сараиште и од кејот пред хотелот Палас.
Метеоролозите најавуваат дека и следнава недела ќе биде пријатна, сончева и топола. Не случајно се рекло дека Охрид е најубав во септември.
Публицитет.мк