• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Лидерите се договорија: Предвремени избори на 24 април

јули 15, 2015
in Актуелно

Лидерите на четирите политички партии договорија предвремени избори на 24 април 2016 година, организирани од преодна влада која треба да биде формирана на 15 јануари, а во која одредени министри ќе бидат од опозицијата.

По повеќечасовните преговори во вторникот, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан околу еден часот по полноќ соопшти дека партиите постигнале договор за излез од политичката криза, изразувајќи задоволство од постигнатиот договор.

„Овој ден, оваа ноќ е одлична за вашата земја. Широко ќе ги отвори вратите кон евроатлантските перспективи. Можете да бидете горди на вашите лидери кои ќе ве водат кон просперитетна иднина. Ова е совршен моментум за вашата земја. Меѓународната заедница ја препозна потребата за помош на земјата, за да ги направите потребните реформи. Токму ова беше договорено вечерва“, изјави Хан.

Тој информираше дека во текот на вечерта имал телефонски разговор со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд и ја информирал за разговорите.

Хан беше задоволен што може да соопшти дека Македонија со овој компромис ќе ја задржи препораката за почнување пристапни преговори со ЕУ, но и дека  треба  да им помогне на некои земји членки кои имаа отпор и го блокираа отворањето на преговорите, да се убедат да ја отворат вратата за европската перспектива на земјата.

Потврда за резултатот од долгите и напорни преговори на лидерската четворка даде и европратеникот Ричард Ховит кој остана до крај на средбата, а претходно присуствуваа и европратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан, но тие заминаа порано.

Премиерот на техничката Влада ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ, а во неа СДСМ ќе има министер за внатрешни работи и труд и социјална политика, како  и заменици министри со право на вето во министерствата за финансии и земјоделство.

До 15 септември ќе се избере и нов специјален обвинител кој треба да ги истражи сите злоупотреби откриени си прислушуваните разговори, а на истиот датум опозицијата ќе се врати во Собранието.

Работни групи на двете партии треба допрва да утврдат кој ќе раководи со други значајни институции како Управата за јавни приходи, Бирото за јавна безбедност, МРТВ и други. 

Извор:Кајгана.мк

Посетеност: 175
Share
Previous Post

Елена Верижникова: „Моето срце гледа кон Македонија“

Next Post

Што содржи оригиналниот договор за излез од кризата ?(Во превод на Кирилица)

Next Post

Што содржи оригиналниот договор за излез од кризата ?(Во превод на Кирилица)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 175

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk