Македонскиот музички состав „Лилит“ на 24 септември од 18.00ч ќе го одржи својот прв самостоен концерт, во предворјето на Света Софија во Охрид.
Неодамна, бендот го објави својот прв деби албум насловен „ЧУДО“. Истоимениот сингл го издадоа во 2019 година, а по него следеа „Миризлива Градина“, „Хоризонт“, „Одговор“ и „Пролет“. Албумот беше вид на крунисување на нивното три годишно творење.
„Неизмерно сум среќна што првиот настап на Лилит ќе се случи токму во мојот роден Охрид, пред моите луѓе. Покрај првиот албум, ќе споделиме и дел од нотите кои ќе се најдат на вториот. Се надевам дека сите присутни ќе почувствуваат барем дел од магијата која ние ја живееме секојдневно.“ – вели Емилија Колоска, вокал на Лилит
Наредниот ден, на 25 септември со почеток од 18.00ч бендот ќе настапи и пред скопската публика во Филхармонија Кафе Бар.
Влезот е слободен.
Публицитет.мк