• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, јули 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Литературни теми во модата на третиот ден од Моден викенд Скопје

октомври 25, 2017
in Омнубус

Третата вечер од шеснаесеттиот Моден викенд Скопје (вторник, 24.октомври), во „Скопје Мериот Хотел“ беше исполнета со најновите колекции на ателјето „Алшар“, „Walone fashion group“ , српската дизајнерка Ана Трошиќ – Трајковиќ и „Shaleva Couture“.

Колекцијата “Калеш Анѓа“ која ја потпишува Силвија Миха од ателјето „Алшар“ е инспирирана од истоимената книга на Столе Попов и македонските револуционери, особено од жените и нивната борба за слобода и личен избор. „Кроевите и формите на креациите се инспирирани од македонските носии и облеките на нашите револуционери, но претставени со асиметрични и авангардни форми, често со изразен волумен и суптилни детали од македонскиот фолклор.“, вели Миха.

Alshar

Косовската модна куќа „Walone fashion group“ која станува редовен учесник на Моден викенд Скопје, во најновата колекција за есен-зима, 2017/2018 носи модели составени од вечерни тоалети и венчаници.

walone

Српската дизајнерка Ана Трошиќ-Трајковиќ со колекцијата „42“ за прв пат се претстави пред македонската публика. Креациите се инспирирани од познатиот роман „Автостоперски водич низ галаксијата“ од Даглас Адамс, па оттука 42, како одговор на прашањето за животот, универзумот и се останато.

ANA TROSHIC TRAJKOVIC

„Shaleva Couture“ ја прикажа најновата колекција „French elegance“ инспирирана од барокниот стил и француската мода со креации во црна боја и златни детали.

Shaleva 1

Во текот на третиот моден ден беа одржани менторски сесии во рамките на „Програмата за поддршка и развој на мали и средни претпријатија во креативната индустрија“, која Моден викенд Скопје ја организирше со поддршка на Министерството за економија во Р. Македонија. Предавања одржаа Јована Зука, Анита Гај, „Ани и Дими“ и Елена Додевска на темите: Што е стил и колку е важен за вашиот бренд, Брендирање на производите, Важноста на фотографијата за модните брендови и Основи на менаџментот во модата и упатства за започнување на бизнис и методи во производството. Целта на овој проект е менторство, промоција и демонстрација на креативноста на младите дизајнери на облека, обувки и галантерија пред општата јавност, медиумите, експертите, купувачите, со цел да се воспостави и да се зајакне нивниот бизнис преку заемно корисни контакти и соработка со крајна цел- подобра пазарна економија.

„Веруваме дека стратешкото негување на креативните индустрии во Македонија ќе помогне да се развијат растот на МСП и претприемништвото со што ќе се подобри бизнис атмосферата во регионот“ – велат од Моден викенд Скопје. 

          Фото: Ани и Дими                                                                                     

    Ј.П. Публицитет.мк 

Посетеност: 77
Share
Previous Post

Општина Охрид се вклучи во акцијата „Недела на борба против гладта“

Next Post

ЕБУ воведува санкции за МРТ која тоне во долгови

Next Post

ЕБУ воведува санкции за МРТ која тоне во долгови

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 77

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk