Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија на 7 февруари во библиотеката „Григор Прличев“ во Арнклиф ќе го одржи првиот состанок годинава.
Покрај другите програмски активности, членовите на друштвото ќе евоцираат и спомени за поетот Прличев по повод 127-годишнината од неговата смрт.
Литературното друштво постои веќе 42 години и го носи името на големиот ловороносец.
Публицитет.мк