Честопати во музиката се случува оригиналната верзија на некоја композиција да биде во сенка на некоја нејзина реизведба . По големиот успех што ќе го доживее новата верзија , многумина дури тогаш го откриваат оригиналот.
Таков е случајот со композицијата „Љубовта е насекаде“чиј оригинал е во изведба на групата „Трогс“.Песната е дело на нивниот пејач Рег Присли кој бил инспириран од телевизискиот пренос насловен како „Љубовта е околу нас“со групата „Џој Стрингс Армија на спасот“.
Песната за прв пат била изведена во Велика Британија во октомври 1967 година .На листата „Хот 100“песната на 24 февруари. 1968 година се нашла на 98 место а веќе на 18 мај таа веќе била на местото број 7.На топ листата успеала да се одржи вкупно 16 недели а во истата година била рангирана на местото број 40.
Но, истата песна во 1994 година ќе доживее вистинска втора младост откако режисерот на филмот „Четири венчавки и погреб“ за потребите на филмот ја ангажирал шкотската група „Вет Вет Вет“да ја испеат насловната песна за неговиот филм.На бендот му биле понудени три композиции :„Јас ќе преживеам“ од Глорија Гејнор, „Не можам да се насмевнам без тебе“на Бери Манлоу и „ Љубовта е насекаде“ од „Трогс“.Тие се одлучиле за последната.
Во една прилика пејачот на групата Марти Полоу рекол дека одлуката да се избере токму песната „Љубовта е насекаде“била лесна бидејќи имавме чуство дека можеме да направиме изведба како песната да е наша“. Нивната изведба има различен вовед од верзијата на „Трогс“.
Нивната верзија била издадена во мај1994 година и веднаш се нашла на четвртото место на топ листата на синглови во Велика Британија а на првото место се искачила на 29. мај за таму да остане 15 недели (што преставува втор рекорд во Велика Британија на сите времиња ,зад рекордот на Брајан Адамс со песната„ Се’ што правам го правам за тебе“која била број еден 16 недели во 1991 година). Песната освен тоа поминала уште 20 недели на топ 75 во Велика Британија. Во целиот овој период некои радиостаници дури и го забранувале нејзиното емитување бидејќи на слушателите им било преку глава од нејзиното слушање.
До февруари 2018 година таа е продадена во 1,9 милиони примероци во Велика Британија , што и ја донесе титулата на најпродавана љубовна балада на сите времиња.
Во 2004 година Марти Полоу за „Дејли Рекорд“ изјавил:„ На сите им дојдовме преку глава со оваа песна во 1994 година. Но ,сеуште сметам тоа беше брилијантна изведба. Нејзината сила е во чистата едноставност.Било кој бенд би ставил заби за да имаат еден ваков хит –рекорд. Јас сум многу горд на тоа“.
Во 2013 година кога почина авторот на песната и членот на групата „Трогс“ – Рег Присли,песната „Љубовта е насекаде“беше прогласена за песна број еден во саундтракот на ВХ1 „ Најдобар филмски саунтрак “ Топ 100.
За крај од ова потсетување Ви ги нудиме двете верзии на оваа песна .Оригиналната од 1968 година на групата „Трог“ и верзијата на„Вет Вет Вет“ од 1994 година.
Публицитет.мк