Љупчо Ралевски во раните деведесетти од минатиот век беше актуелен на македонската естрадна сцена. Живееше на релацијата Шведска – Македонија, така е и сега.
Оние што редовно ја следат македонската естрада, од повозрасните, ќе се сетат на неговите настапи на „Макефест“ со песната „Ивана“ од Томислав Которчевиќ и на „Нека ме колнат ветрови“ изведена на „Охридски трубадури“.
Ралевски одмана не е активен на музичката сцена и ни кажа дека уште ја сака песната, дека повремено пее за своја душа, но дефинитно не и рекол збогум. Живее во Малме, работел како професор по математика и физика а во меѓувреме станал и раководител на тамошно средно училиште.
Во нашата рубрика НА МИНУВАЊЕ Љупчо Ралевски го потсетивме на неговите ѕвездени мигови во музиката, на доаѓањата во Битола со сопругата, ќерката и синот. Ни кажа дека имаат стан во Охрид и дека често се тука. Ралевски најави дека во текот на овој месец ќе биде пак во Охрид, по традиција со своите колеги и ученици од Шведска во посета на гимназијата „Св. Климент Охридски“ со која речиси една деценија имаат одлична соработка.
Со Љупчо Ралевски, на блиц средбата разговараше Милчо Јованоски: