Нека ни е честит и вековит големиот празник на македонскиот слободарски дух- 11 Октомври, Ден на народното востание на македонскиот народ, напишаа на фејсбук од Локланиот клуб на младите при СДММ – Охрид.
Четиригодишната народно-ослободителна епопеја на македонскиот народ во Втората светска војна, ги постави темелите на новата македонска држава и го реализира многу вековниот сон на македонскиот народ за создавање сопствена држава, стои во нивната честитка.
Претставници на ЛК СДММ – Охрид денеска по повод 11 Октомври положија свежо цвеќе на бистата на првоборката Јасна Ристеска вонејзиното родно Рамне.
Публицитет.мк