По повод Денот на младинските работни акции, акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ одржа локална работна акција.
Во неа се чистеше расфрланиот отпад на потегот од ,,Парк” до плажата кај езерската и сообраќајна полиција, поточно до мостот кај каналот Студенчишта.
-Нашата цел е да ја поткренеме свеста кај граѓаните во врска со загадувањето и да покажеме како сите ние можеме да придонесеме за развој на нашата заедница, велат од акцијашите од „Брег на младоста“.
Публицитет.мк