• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 24, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Публицитет

ЛОТОС ВИТА – ЧИ – наш нов партнер во маркетингот

февруари 20, 2016
in Публицитет

Чај за секој дел од денот – Продавница за здрава храна ЛОТОС ВИТА ЧИ – Охрид 

 Охрид, конечно го доби она што му недостигаше – продавница за здрава храна, во која на пиедесталот е неговото височество ЧАЈОТ па се’ друго после него. 

Публицитет.мк од оваа недела започнува дружба во маркетингот и рубриката „Убавина и здравје “ во која постепено, првенствено ќе зборуваме и пишуваме за својствата на сите видови чај. Неговото пиење како превентива од заболувања и консумирање со цел некои од болестите по природен пат да станат минато во нечиј живот. 

 

                                                                   lotos 1

                                                                 

                                                        ЛОТОС ВИТА ЧИ – ПРОДАВНИЦА И ПОВЕЌЕ ОД ТОА 

                                                                              „Дејан Војвода“ бр. 3 

                                                                             Контакт: 078 698 734 

 

 

 

                   

Во разговор за нашиот веб портал нутириционистката Весна Пирузева – Петровска зборува за идејата за отворање на продавницата и нејзината визија како сопственичка. Со клик на линкот подолу слушнете го разговорот со Весна, а подолу и објаснувањето што се’ можете веќе од утре да побарате во Лотос Вита Чи

 Разговараше: Милчо Јованоски

 

vesna naslovna

Весна Пирузева- Петровска, нутриционист и сопственичка на продавницата

 

Лотос Вита Чи не е класична продавница.

      Топлото добредојде,мирисот на розата,на еукалиптусот,бон чоколадото,кокосот,калинката од прекрасните комбинации во чаевите Ла ЧА кои во основа се зелени,црни,рооибос,овошни итн. Ќе Ве пренесат на мирисните полиња во Кина,Јапонија,Јужна Африка но и во тропските предели каде ананасот Ве лади и слади,со еден збор убаво утринско доживување.

Дали е утро или пладне во Лотос Вита Чи ќе Ви се разубави денот.Со дегустациите што секојдневно ги правиме сакаме да  пронајдеме  начин на луѓето да им го доближимевкусот на овие исклучително здрави чаеви . Многу векови наназад тие се употрбувале како лек за разни болести полека докажувајки се и пробивајки се и како нешто што треба да го имаме постојано во нашето секојдневие не само како лек туку и како нешто што ќе ни го одржува организмот во здрава кондиција и ќе не прави да имаме еден исполнет и квалитетен живот.

          vesna prodavacka

 

Овие чаеви се од познатиот светски бренд “DETHLEFSEN & BALK”преку македонскиот бренд LA CHA со многу богата нутритива ,богати со антиоксиданси ,минерали,витамини кои лекуваат,превенираат,освежуваат итн.Докажани детоксикатори што е особина самата за себе број еден толку потребна  во време кога загадувањето го има секаде околу нас.Градители на имуниотетот на “долги патеки ” затоа што антиоксидансите  се во максимален процент присутни и заштитени со самиот процес на преработка и правење на комбинации.

prozivodi vesna

Како што е и името на просторот ЛОТОС ВИТА ЧИ така е и целата замисла што во него се нуди.

Лотос-симболизира чиста убавина и во контекст на тоа нашата понуда е првата Македонска природна козметика без парабени ЛА СОИ:Во неа буквално допирот,мирисот и негата од природата се пренесува на Вашата кожа.Кремовите,путерите за тело,пилинзи,млеко,балзами за усни и други препарати ја хидрираат и ревитализираат кожата правејки ја здрава и “вечно” млада.

 

caj 3

Вита-значи живот,а животот што би бил ако не го сфатиме во неговата вистинска есенција а тоа е :ЖИВОТОТ Е ЕДЕН и треба да го одржуваме со цела душа,со цело срце со цело свое битие.За да го постигнеме тоа треба  да го негуваме доброто здравје ажза што треба да се вратиме кон природата која несебично ни подарува бесценетости.Тука во прв ред се чаевите нешто во што е содржана вредноста на земјата,воздухот,животната енергија на сонцето и се тоа во само една тревка на која во само еден лист или една пупка е содржана мистеријата и вечноста на универзумот.Богатство на минерали,антиоксиданси во само една капка чај што буквално значи живот .

vesna eu

Нели љубовта и доброто здравје доаѓа преку уста затоа во контекст на тоа во Лотос Вита Чи ја промовираме здравата храна .Во прв ред правиме едукација со давање совети ,рецепти како да ја приготвуваат храната фокусирано за одржување на оптималното добро здравје но и целно за некои здравствени проблеми како што е опстипацијата,зголемениот крвен притисок,дијабетот,зголемени маснотии итн. кои ги откриваме преку разговорите со нашите посетители.Нашата програма за здрав живот понатака ќе продолжи и со приготвување на здрава храна:шејкови,салати,десерти.

vesna 3

Во Лотос Вита Чи можат да се набават јаткасти плодови:лешници,бадеми,индиски и бразилски ореви печени и непечени,кикирки,брусница,чија и црно семе ,семки од кајсија ,лен и сусам  при што правиме мелени миксови по желба и при тоа даваме стручни совети како да се употребуваат.Потоа тука е просото,сушеното овошје,опвесни снегулки ,мусли и други намирници за здрав оброк.

vesna copy copy

Чи- значи животна енергија-тоа што не одржува во кондиција која нашиот организам го води во здрава насока.Се тоа се постигнува со добро физичко и психичко здравје.Значи за одржување на физикусот треба добро и здраво да се храните,да научите како да приготвувате здрава храна и со што,како да јадете и др.а за добра психичка кондиција тука се чаевите и козметиката преку ароматерапијата која  Ви ја прават во исто време.

Оваа наша програма за здрав живот која ја почнавме тивко без многу најавувања ќе ја развиваме онака како нашите почитувачи ке не водат но нашата основна и примарна цел останува иста :ДА ЈА АНИМИРАМЕ ПОПУЛАЦИЈАТА ОД СИТЕ ВОЗДРАСНИ КАТЕГОРИИ ДА ПОЧНАТ ДА РАЗМИСЛУВААТ ЗА СЕБЕ И ЗА СВОЕТО ЗДРАВЈЕ НА НАЧИН НА КОЈ ЌЕ СЕ СВРТАТ КОН ПРИРОДАТА И НЕЈЗИНИТЕ ВЕЧНИ ВРЕДНОСТИ.

Природата значи живот а животот тоа сме ние.

Публицитет.мк 

Посетеност: 109
Share
Previous Post

Црвен крст – Охрид: „Со планинарење до здраво срце“

Next Post

DW:Новиот правопис- одбрана на македонскиот јазик од глобализацијата

Next Post

DW:Новиот правопис- одбрана на македонскиот јазик од глобализацијата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 109

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk