• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јули 5, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

„Лудо срце“ – Литл Тони

март 6, 2019
in Тоа беа години
„Лудо срце“  – Литл Тони

Ако потсетам дека песната „ Лудо срце“ во исполнение на Литл Тони е родена во 1967 година и дека од тогаш поминаа точно 52 години, повозрасните љубители на музиката сигурно ќе реагираат со зборовите: „ Кога ли поминаа толку години….? “

А за убавите  и популарни песни како времето да не постои , па така и за споменатата „ Лудо срце“ која за прв пат била изведена на17. Фестивал на забавна музика  Сан Ремо во 1967 година во исполнение на дуетот  Литл Тони и Марио Зелиноти.

Песната е напишана од Армандо Амброзини и Тото Савио и била една од најпопуларните во таа 1967 година.Синглот со оваа песна се искачил на првото место на најслушаните во Италија и таму се задржал цели девет недели.Бил продаден во повеќе од еден милион примероци и во мај 1967 година ја заработил Златната плоча.

         ludo 1                                      

Според песната  во 1967 година бил снимен истоимениот филм во кој настапил Литл Тони заедно со Елеонора Браун.

Песната на својот репертоар ја ставија  меѓу другите и Далида,Џани Моранди , Фаусто Папети и Кати Ковач.

Таа беше искористена и во филмовите на Бернардо Бертолучи и Педро Алмодовар.

Може слободно да се каже дека песната „ Лудо срце “ остана вистински бренд на пејачот Литл Тони (со вистинско име Антонио Киами) кој почина во 2013 година.

Потсетување на него и неговото „ Лудо сеце“ кое и ден денес чука и по цели 52 години од неговото создавање.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

 

Посетеност: 108
Share
Previous Post

Градоначалникот Ногачески на средба со претставниците на месните заедници од општина Дебрца

Next Post

Обединетите нации ја прогласија 2019 за година на Периодниот систем

Next Post
Обединетите нации ја прогласија 2019 за година на Периодниот систем

Обединетите нации ја прогласија 2019 за година на Периодниот систем

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 108

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk