• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

ТВ Алфа: Луксузни пловила во Охридско, најскапиот глисер чини 200.000 евра

август 10, 2015
in Актуелно

 Покрај 4-те бродови кои го вратија сјајот на охридската бела флота, украс на синото езеро се повеќе се и луксузните пловила.

 

Најскапиот глисер кој плови по Охридско чини нешто повеќе од 200.000 евра,на кој што во долгото и топло охридско лето, ужива семејство кое припаѓа на македонската бизнис елита.  

Во екот на сезоната,во струденчишкиот канал ,,Билјанин извори” се закотвуваат бројни луксузни пловила, најскапите чинат од 100 до нешто повеќе од 200.000 евра а безмалку сите се сопственост на македонци. Иако цената е висока, станува збор за средно луксузни пловила кои се купени во Италија и САД, бидејќи на Балканот ги нема.Во Србија и Турција се произведуваат само серија мали пловила. Современите пловила стануваат тренд,факт е дека можат да се најдат и по далку поприкладни цени од овие екстра луксузните.
 
“Настапи на сцена Кина, настапија на сцена и други пазари ,цените на пловните објекти паднаа и тоа е тренд.Луѓето веќе имаат повеќе начини да се снабдат со еден таков пловен објект, рекреативен и да, од година во година бројот се зголемува.Доаѓаат убави современи еколошки, по последна мода направени пловила што е за поздравување“ вели Горан Устијаноски-Капетанија на пристаништа.
 
Ова лето на риверата престојуваат и срби, германци, холаѓани ,туристи од западните земји, кои си ги понеле и луксузните пловила и јахти,за кои поседуваат пловидбена дозвола од матичната земја,уредно пијавувајќи ги во охридската капетанија. 
 
“Кај нас обично крестарењата и пловидбата  се еднодневни така што луѓето се орјентираат на такви пловила со помали димензии до 10-ти максимум до 12 метри кои имаат определени затворени простории да може да се одмара во текот на денот н не се за повеќедневни крстарења да има дневен прстој да има повеќеспални и тн.на крајот на краиштата имаме ограничувачки фактор-траснспортот до нашево езеро“ изјави Устијаноски.
 
Сепак нешто што е во тренд и станува се поатрактиво се забавите кои се прават на луксузните јахти,пловејќи по езерото. 
 
Инаки, според регистарот на капетанијата,во Охридско можат да пловат 500 пловила,од кои 30 на странски државјани.
 
Извор. ТВ Алфа – Росица Голабоска

 

Посетеност: 165
Share
Previous Post

Расказот„ Мојата куќа во Крс џамија“ избран за најдобар на конкурсот „Живко Чинго“

Next Post

Манифестација „Поетска ноќ во Велестово“

Next Post

Манифестација „Поетска ноќ во Велестово“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 165

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk