• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 24, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Мајмунската прогноза за изборите во САД испадна точна

ноември 10, 2016
in Омнубус

Мајмун во Кина – наречен „крал на пророците“, кој успешно го прогнозираше и победникот во финалето на Европското фудбалско првенство во Франција доби можност да го претскаже и победникот на изборите во САД.

 

Мајмунот Геда, кој живее во Еколошкиот туристички парк во Шијанху во Кина, облечен во жолта маица на која беше испишана неговата неофицијална титула- „крал на пророците“ доби можност да избира меѓу две картонски макети во вистинска големина на кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп и на ривалката од Демократската партија Хилари Клинтон.

По кратко размислување мистичниот мајмун го избра Трамп. Без многу чекање тој дури и му ја честита „победата“ на картонскиот кандидат со бакнеж.  Погледнете го видеото од „изборот“:

 
 

Хилари или Доналд? : мајмунот-„крал на пророците“ го претскажа победникот

Пет годишниот примат точно предвиде дека Португалија ќе го освои шампионскиот пехар на ЕУРО 2016 во Франција, два дена пред финалето во кое тимот предводен од Кристијано Роналдо славеше во финалето против фаворизираниот  домаќин со 1:0.

Тогаш Геда требаше да избира меѓу знамињата на Португалија и Франција на кои беа закачени банани. Тој истотака по „кратко размислување“ се упати кон знамето на Португалија и ја изеде бананата закачена на него.

Мајмунот пророк е последен во серијата животни со наводни претскажувачки моќи, кои се појавија ширум светот откако октоподот Паул во Германија во 2010 година се стекна со светска слава успешно прогнозирајќи го победникот на секој натпревар кој го играше германската репрезентација на Мундијалот во Јужноафриканската Република, вклучително и победата на Шпанија во финалето против Холандија.

Посетеност: 120
Share
Previous Post

Видео: Магија, илузија или пак нешто мистериозно користат автомобилите во Русија?!

Next Post

СДСМ – Охрид: Охриѓани знаат, се’ што во својот мандат вети Бакрачески, ништо не исполни

Next Post

СДСМ - Охрид: Охриѓани знаат, се’ што во својот мандат вети Бакрачески, ништо не исполни

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 120

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk