На неколкуте здруженија и македонски клубови кои постојат во Италија деновиве им се придужи уште едно – новоформирано Здружение на нашинците кои живеат и работат во градот Виторио Венето и неговата околина, тоа е здужението АМИНТА.
Градот Виторио Венето е во Северна Италија 35 километри од Тревизо и на 60 километи од Венеција.
„Историски гледано АМИНТА бил таткото на Филип и дедото на Големиот АЛЕКСАНДАР. Иницијалите ни послужија и при регистрацијата на здружението за комплетното наше име на италијански што значи: Associazione Macedoni in Italia nostre tradizioni e attivitaculturali или Асоцијација Асоцијација на Македонците во Италија и на нашите традиции и културни акитвности.
Целта на ова здружение е зближување на Македонците во Италија формирање на културни и спортски друштва, задржување на нашиот јазик и култура,нашата традиционална македонска кујна и проследена со македонска музика. Со надеж дека во иднина ќе имаме и гости од Македонија, како и културно уметнички друштва што ќе ја преставуваат НАШАТА САКАНА Македонија.
Тоа ќе значи зближување со сите етникуми и наше подобро вклучување во италијанското секојдневие и општество,“ вели претседателот на Здружението АМИНТА Саве Лазороски.
Лазороски е еден од главните иницијатори, човек кој најдолго од сите од Инцијативниот одбор е во Италија, а во реализацијата на овој своевиден сон на нашинците се вклучија и потпретседателката на здружението Билјана Колоска и неуморниот активист Горан Речко Наумоски, кој е благајник во здружението.
Официјалниот почеток со работа Здружението ќе го одбележи кон средината на следниот месец – март со пригодна забава и во присуство на македонскиот амбасадор во Италија.
Саве Лазороски од Италија за Публицитет.мк