Во јануари и февруари 2016 најчести дестинации каде што патувале македонските граѓани се Цирих, Истанбул и Малме.
Ова го покажаа нановите податоци за бројот на превезени патници од двата аеродроми во земјава.
Имено, процентуално бројот на превезени патници бележи скок од 27,9% повеќе од минатата година.
Во бројки тоа би било вкупно 219.378 превезени патници, од кои 211.696 патници летале од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, додека од аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари-февруари 2016 година, превезени се 7.682 патници.
Се патувало и во Базел, Лондон и Виена.