• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Македонија има огромен потенцијал за активен туризам

мај 10, 2016
in Актуелно

Во Охрид се одржува регионална конференција за активен туризам на која учествуваат експерти, претставници на познати светски туроператори и новинари на специјализирани медиумски куќи. Гостите ќе се запознаат со сите предности што ги има земјава кога станува збор за авантуристичкиот туризам.

 Најатрактивното што Македонија може да им го понуди на активните туристи и вљубеници во авантурите ќе им биде презентирано на учесниците на големата регионална конференција. Повеќе од 300 експерти, претставници на 65 познати светски туроператори и 25 специјализирани медиумски куќи од целиот свет меѓу кои и од „Њујорк Тајмс“, „Гардијан“, „Лонли планет“ и други ќе се уверат дека нашата земја има огромен потенцијал кога станува збор за активниот туризам. Освен што ќе ги видат убавините на нашата земја, гостите ќе летаат со параглајдери, ќе јаваат коњи и магариња, ќе рибарат,  поточно ќе уживаат што го нуди Македонија кога станува збор за ваква специфична понуда.

„Македонија има многу да понуди на ова поле и буквално се погриживме нашите туристички агенции да ги претстават сите оние работи кои што сметаме дека се потенцијален производ за понудување на странските туристи. Ќе видат параглајдинг, ќе ги видат мечките во Маврово, качување на Галичица, се она што ние како македонци сме имале прилика да го посетиме“, изјави Лела Крстевска, претседател на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.

За развој на овој вид туризам балканските држави треба подобро да се организираат и да соработуваат со што ќе се надминат административните потешкотии, а во истовреме треба да се обучи соодветен кадар.

„Преминувањето на границите, начинот на кој туристите се третирани од гледна точка на здравственото осигурување во различните држави е приоритет. Тие елементи се многу важни за развојот на туризмот, особено на авантуристичкиот туризам“, изјави Венета Андонова, Американски универзитет- Благоевград, Бугарија.

„Треба да има што повеќе специјализирани водичи, туристички мапи, описи на турите на многу добар начин, со што ќе се привлечат туристите“, смета Татјана Антиќ, „Експлор Србија“.

Македонија има големи компаративни предности кога станува збор за активниот туризам што секако ќе придонесе за развој на оваа стопанска гранка.

„Бројките во последните години се одлични и Македонија е една од државите која има највисок раст на туризмот во регионот. Се надевам дека се повеќе луѓе и туристи од цела Европа и пошироко ќе дојдат во оваа прекрасна земја“, вели Марјан Хрибар, Светска туристичка организација.

Поделени во 27 групи, учесниците на конференцијата денеска посетија дел од најатрактивните македонски туристички дестинации. Природните ресурси што ги поседува Македонија и регионот се исклучителни, а со оглед на тоа што за овој вид туризам не се потребни некои особени инфраструктурни услови, тоа може да биде голем адут за развој на активниот туризам.

Извор: mrt.com.mk 

Сашо Нелоски 

Посетеност: 99
Share
Previous Post

Лотос Вита Чи: Чај за добро здравје

Next Post

Промоција на книгата за Бон – тoн

Next Post

Промоција на книгата за Бон - тoн

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 99

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk