• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 24, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Македонија на 95. место според нивото на среќа, Данска – прва

април 8, 2016
in Тикер

Македонија е на 95. место според нивото на среќа од вкупно 156 држави од светот, покажува новиот Меѓународен извештај за среќа, објавен во Рим.

Минатата година, според овој извештај кој го мери нивото на среќа, Македонија беше рангирана на 93. место.

Според новиот извештај, на првото место како најсреќна држава е Данска, на второ место е Швајцарија, на трето е Исланд, на четврто – Норвешка, а на петто место е Финска.

Од балканските земји, Хрватска е на 74. место, Србија е на 86. место, Босна и Херцеговина е веднаш зад неа, Грција е на 99. позиција, а Бугарија е на 129. место.

На последно место, односно најнесреќна земја, е Бурунди, на претпоследна позиција на листата е Сирија, а пред неа се Того, Авганистан, Бенин и Руанда.

Овој извештај Обединетите нации првпат го објавија пред четири години, во 2012 година.

Студијата опфаќа податоци од домашниот бруто-производ по жител, очекуваниот животен век, перцепцијата за корупција, слободата да се донесат самостојни одлуки, великодушноста, довербата во владата, како и квалитетот на демократијата.

Извор: www.meta.mk

Посетеност: 105
Share
Previous Post

Jавете му се на кој било Швеѓанец и разговарајте за што било со него

Next Post

„Аквариус“ – Да им ги вратиме четвртоците на охриѓани!

Next Post

„Аквариус“ - Да им ги вратиме четвртоците на охриѓани!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 105

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk