„Македонија 2025“ со одлична оценка за манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца.
„Публицитет.мк“ текстот го објавува во целост за тој на најлесен начин да допре до организаторите, учесниците и целокупната јавност во светот и во Македонија .
На 26 јули„Македонија2025“ го поддржа одржувањето на концертот на училиштето за музика „Методи Патче“ од Охрид, по повод настанот „За Трпејца со љубов“ кој е дел од цела низа настани посветена на убавото село Трпејца чии куќи се расположени на самиот брег на Охридското Езеро.
Како дел од програмата на Глобалниот инвестициски самит во 2013, два извонредни ученика од ова школо одржаа концерт во црквата „Света Софија“ во Охрид. Воодушевени од настапот на младите музичари, членовите на организацијата Македонија2025 донесоа одлука да го поддржат школото преку донирање средства кои беа искористени за купување нови и подобри музички инструменти.
Настанот во Трпејца оваа година, младите музичари го искористија за да изразат едно искрено благодарам на Македонија2025. Милчо Јованоски кој потекнува од селото и кој е новинар за реонот Охрид и известувач за македонските радио станици во дијаспората, го најави настанот и ја потврди позитивната улога на Македонија2025 и ги поттикна македонците низ светот да учествуваат во развојот на Република Македонија.
Тој изјави: „Сакам да ја искажам мојата најисрекна благодарност до Македонија2025 која го поддржа овој настан и му даде поддршка на школото Методи Матче. Мотото на организацијата ‘Помагаме во создавањето подобра нација’ и тие навистина го зачнуваат остварувањето на прекрасни нешта, како овој настан кој го поддржува развојот на културата и на алтернативниот туризам и, меѓу другото, го поддржува развојот на руралните средини во земјата”.
„Ве поканувам сите да дојдете и да ги видите убавините на Македонија. Во денешното глобално село, Македонија може да биде подеднакво близу до вам како и Соединетите Американски Држави или Австралија. Македонија2025 тоа го демонстрира преку организирање настани како Инвестициските самити во 2012 и 2013 во Охрид кои привлекоа многу македонци кои сакаат да играат улога во развојот на нашата земја. Овие луѓе помагаат со нивните инвестиции, со нивната посвета кон позитивни промени и преку овозможување на нивната експертиза и ум. Ова ни помага да ја донесеме Македонија поблизу до развиениот свет“, заклучи Милчо Јованоски пред да ја покани директорката на Методи Патче и на културниот настан во Трпејца, Нина Момировска и Јорданка Кацарска, програмскиот Директор на Македонија2025, за да ги споделат своите впечатоци пред присутните на овој бесплатен настан под отворено небо.
Јорданка Кацарска од Македонија2025 кажа: „Тоа што сум во Трпејца ме потсети колку е убава Македонија. Сите сме воодушевени што настанот се случува токму овде и мило ни е што можевме да ги поддржиме учениците на Методи Патче“.
Госпоѓа Момировска следуваше со коментар за донацијата на Македонија2025. Таа изјави: „Благодарение на нивните 5300 долари, овие талентирани студенти можат да ја надополнуваат нивната страст за музика уште повеќе“. Госпоѓа Кацарска додаде: „Македонците ширум светот се среќни затоа што, благодарение на нивните донации се одржуваат настани на кои младите луѓе ќе растат, ќе се доградуваат и еден ден ќе станат професионалци што ќе направат сите македонци да бидат горди на нив“.
На концертот му следуваше коктел час за младите музичари, кој го спонзорираше Македонија2025 и македонците од дијаспората.
Македонија2025 сака да му се заблагодари на публицистот и туристички водич низ Охрид и Македонија, кој потекнува од Трпејца- Никола Павлески од Нико Турс, што го фотографираше настанот.