Македонскиот автор Петко Шипинкаровски од Струга ја доби главната меѓународна награда на фестивалот „Денови на пријателите на книгата“, кој вчера заврши во Ријека, Хрватска.
Наградата, во Градското собрание на Ријека, му беше врачена за придонесот во културата и за меѓународната соработка, додека за творештвото на Шипинкаровски говореше Васил Тоциновски.
Примајќи ја наградата „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво од Ријека, Шипинкаровски истакна дека соработката ќе продолжи за уште поголемо афирмирање на хрватската и на македонската литература и култура.
Македонската литература во Ријека ја претставуваат Васил Тоциновски, Петко Шипинкаровски и Виолета Сековска, како и македонската поетеса што живее во Задар, Мирјана Мајиќ.
Извор:www.meta.mk