И парите се скапи- НБМ набавува 10 милиони монети од по 50 денари
НБРМ набавува неисковани монети од 50 денари. Се набавуваат 10 милиони монети со тежина од 77 тони. За оваа набавка Народната банка ќе плати 550 илјади евра (33.821.064 денари).
Договорот е склучен пред две недели, со турска фирма со седиште во Истанбул. Станува збоор за фирмата AL TEK DOKUM HADDE MAMULLERI SANAYI VE TICARET A.S.
Според податоците, договорот е направен откако бил објавен меѓународен тендер, а стигнала само една понуда. Рокот во кој треба да бидат испорачани монетите е 10 месеци.
Извор: Фактор.мк