• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Македонско катче на книгата во Трентино – Италија

март 4, 2022
in Култура
Македонско катче на книгата во Трентино – Италија

Вчера во пресрет на роденденот на  Македонското културно друштво „Св Кирил и Методиј“ од Трентино во овој италијански град беше отворено македонско катче на книгата.

Со тоа  на најубав начин во Градската библиотека во Тионе ди Тренто се заокружи  проектот во соработка помеѓу Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Македонското културно друштво „Св. Кирил и  Методиј“од Трентино.

– На почетокот од септември минатата година НУ Библиотека од Охрид донираше поголем број книги од охридски и македонски автори со цел да го помогне отворањето на мини библиотека во нашето друштво , но и во Трентино, вели иницијаторот за оваа културна соработка Венко Трпески кој е од Охрид а живее и работи во Италија, а е претседател на МКД „Св. Кирил и Методиј“. 

Трпоски беше иницијатор и во Охрид во НУ Библиотека да се отвори италијанско катче на книгата кое наскоро ќе профункционира и е опремено со средства од Италијанскиот синдикат за градежништво во кој Венко работи а идејата кај неговите претпоставени наиде на разбирање и поддршка.

274735482 2882026248761695 4364664307435269342 n

– Многу  ми е мило  што  од управата  на библиотеката во Трентино се големи  ентузијасти  и  се пресреќни за соработката  со библиотеката  „Григор Прличев’ од Охрид  и веќе одбираат книги  за катчето а се од италијански автори, додава Трпески.

 

274845949 500454421715747 664832058367177731 n

-Соработката со Венко ќе продолжи , вели Милчо Јованоски, директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид, планирано е да биде преведен роман од италијански автор поврзан со животот во нашето македонско поднебје за време на Втората светска војна и по неа. Ако се оди според плановите промоцијата најверојатно ќе се случи во соработка со фестивалот „Охридско лето“ и Амбасадата на Република Италија во Скопје.

Публицитет.мк 

Посетеност: 102
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Владимир Сарафилоски

Next Post

Денес им е роденден: Мерсиха Исмајлоска

Next Post
Денес им е роденден: Мерсиха Исмајлоска

Денес им е роденден: Мерсиха Исмајлоска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk