Во понеделник, на 2 декември со почеток во 12 часот, во Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи книжевен настан посветен на творештвото на македонските жени-писателки, со следната содржина:
Доделување на плакетата „Даница Ручигај“ за 2019 година на Марина Мијаковска за збирката „Коскена“, со критички осврт на Славица Дабевска Ќировска
Димитар Пандев: Женскиот поетски стимул во македонскиот XIX век
Весна Мојсова-Чепишевска: Првите дами на модерната македонска поезија
Милица Димитријовска-Радевска: Традиција и иновации во женското писмо во XXI век
Поетски рецитал на авторките од Битолскиот книжевен круг:
Елизабета Јончиќ, Весна Мундишевска-Велјановска, Даниела Андоновска-Трајковска, Гордана Стојаноска и Милица Димитријовска-Радевска
Публицитет.мк