Цели две години малечката,сега шест годишна Андреа Костовска од Струга во придружба на својата мајка Ружица Матлиеска успешно ја води кампањата #Биди#Како#Андреа.
Андреа сака да помага. Уште од четири годишна возраст слушајќи за одредени здравствени проблеми на деца или лица кои растат во сиромаштија изрази желба некако да им помогнеме, вели мајка и’ Ружица.
-И јас сум самохран родител, вели Ружица и некако ми се стегна срцето, собрав храброст и решив да ја поддржам во секоја нејзина иницијатива за која таа и денеска искрено не е свесна колкав труд и енергија бара од неа и од мене и од сите добри луѓе кои ни помагаат за заеднички да им помогнеме на оние, на кои им треба подадена рака и помош, вели Ружица
Првото, нивно хуманитарно искуство го стекнале со собирањето на финансиска помош за Сара Настеска од Охрид ( случај кој е добро познат во јавноста) и за среќе заврши успешно како што сите посакувавме.
-Излеговме во струшката чаршија и решивме по идеја на мојата Андреа да продаваме топол чај за да им ги стоплиме срцата на стружани и да помогнат кој колку може за лекувањето на Сара.
На радоста и’ немаше крај. Немаше човек којшто не одмина и не куши топол чај за да ни ги згрее душите на сите. Откако заврши се’ добро Сара дојде во Струга и цело едно попладне се дружеа…
Доброто искуство со првата хуманитарна акција не поттикна да продолжиме со правењето добри дела и да бидеме пример за останатите, кои сакаат да им помогнат на луѓето кои имаат потреба од помош.
Андреа Костовска на свои 5 години собра близу 8000 денари од својата хуманитарна акција за Стефан Ивановиќ од Скопје. Парите што таа успеа да ги собере преку Црвен крст беа уплатени на сметката на Стефан кој боледува од церебрална парализа.
Една од најсимпатичните акции на Андреа, се оддржа во онкологија, детска хирургија и дневна болница во Скопје. Андреа „Детската недела“ ја одбележа на необичен начин, собирајќи донации за деца на самохрани родители.
Пред Нова година Андреа успеа да собере 186 новогодишни пакетчиња и да направи среќни исто толку деца.
– Среќна сум што хуманитарните акции на Андреа ги поддржуваат сите во Струга и тоа ме прави вистински горда мајка. Би сакале да ги поттикнеме сите родители и нивните деца да се придружат кон акциите на Андреа, вели Ружица.
Од септември Андреа ќе е прваче. Обожува да танцува и членува во студиото за модерен танц „Бах“. а исто така е член на тријатлон клубот од Струга.
Нејзина најголема желба и’ е да ја запознаа Медената Атиџе и заедно да заепат. Па за скоро ќе оди во посета кај неа. Отец Филип се понуди желбата на Андреа да биде исполнета.
И ова лето, ако одите во Струга, сигруни сме дека Андреа ќе најдете во чаршија продавајќи ладни сокчиња за топли срциња, а добиените средства се донираат онаму каде што е потребно.
Купете и Вие. Ќе ја направите среќна а ќе помогнете на некое дете да се избори со болеста или со „невремето“ кое го снашло.
Публицитет.мк