• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Манасијески единствен преставник од Македонија на Интернационалното Биенале “МеАРТ ” во Палермо, Италија

март 13, 2017
in Во светот на уметноста

Од 9 до 12 Март се одржа престижното Биенале за современа уметност со учество од преку 600 уметници од цел свет.

Настан организиран од најпознатиот Италијански куратор за современа уметност Паоло Леви и Сандро Серадифалко во соработка со истакнати личности од светот на културата, сликарството, фотографија, и дизајн.

 Посебен дел на Биеналето преставува “Музеј ЛЕВИ”.

jordan 1

Паоло Леви автор и куратор на овај фасцинантен културен настан престави  60 избрани  дела од европски и американски автори кои го одбележуваат современото сликарство во почетокот на дваесет и првиот век меѓу кои што е избрано и делото на македонскиот сликар Јордан Манасијески.

Овие дела беа преставени во посебен амбиент избрани низ едно експресивно истражување на современата уметност, со критериум на музејскио-естетски калибар, експлицитно дури и потсвесно, сметајки ги за наследници на содржината на историјата на уметноста.

jordan 2

За нас е многу значаен податокот дека сликарството на Јордан Манасијески како преставник на современата македонска уметност  е високо отценето од италијанската уметничка критика и заслужено го вбројуваат во автори чии дела имаат висока естетска и креативна вредност со музејски критериум.

Од овај настан се очекува да биде изработено печатено издание ексклузивна монографија во која ке бидат презентирани овие селектирани автори кои ги нивелираат тековите на новата современа уметност и оставаат траен печат во историјата на уметноста.

jordan 3

Јордан Манасијески се престави со делото “Ти благодариме Мајко за твојот дар”

Слика масло на платно е изработена 2017 година.

 Италијанската ликовна критика го следи сликарството на Јордан Манасијески веке 6-та година од неговото прво преставување на Биеналето во Фиренца 2011 година.

Големо признание за него беше критиката на италијанскиот критичар Салваторе Русо кој за сликарството на Јордан ќе напише дека е “уметник чии што визии ги поставуваат фундаментите на новата современа уметност”. Во 2015 година тој ја добива престижната јубилејна Интернационална награда Микеланџело во Ватикан за стил во сликарството што ја идентификува новата модерна уметност.Минатогодишното негово изложување на Триеналето за модерна уметност во Верона е потврда за континуитетот на кариерата на Јордан Мнанасијески и за неговиот творечки потенцијал и истрајноста неговото сликарство да остави печат на интернационалната ликовна сцена.

Публицитет.мк 

   

Посетеност: 78
Share
Previous Post

Уште утре слаб дожд и снег- следи затоплување

Next Post

На ЕВРОВИЗИЈА цел Балкан ќе пее на англиски

Next Post

На ЕВРОВИЗИЈА цел Балкан ќе пее на англиски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 78

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk