• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново (9)

март 5, 2018
in Во потрага по трајната убавина
Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново (9)

Патот за црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново води од магистралниот делница Битола – Ресен, некогашниот римски “Виа Егнатиа”, кај крстосницата “Макази”. Таму се одделува патот кој води до границата со јужниот сосед кај Маркова Ногадо селото Долно Дупени.

Тој дел на Преспа се наоѓа под Баба Планина позната уште и како Пелистер, а е на самиот брег на Преспанското Езеро. Кај селото Асамати, пак, патот се дели и еден крак води кон селото Курбиново, познато со својот манастир, односно црква посветена на св. Ѓорѓи. Црквата се наоѓа над селото, во пазувите на Баба Планина.

Околината низ која минува патот, кој е одвај 4- метра, не е толку живописна, колку величествениот поглед кон планината и особено панорамата на волшебното и речиси секогаш мирното Преспанско Езеро. Црквата “Св. Ѓорѓи” е една мала и неугледна, еднокорабна градба која, оддалеку, и не се познава дека е црква.

Често се вели дека Курбиново и Претор се познати туристички места; Курбиново по значајниот културен објект – црквата „Св. Ѓорги“ од дванаесеттиот век, додека Претор со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи.

Меѓутоа, посебно место во историјата на Преспа има, секако, манастирот „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново, кој се напѓа во селото Курбиново. А, ова преспанско село се наоѓа на околу 2 километра од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба, односно нејзиниот разгранок Голема Чука, на надморска височина од 950 метри, со околу сто и триесетина жители. Курбиново, често го нарекуваат село со стари воденици.

Курбиново е дислоцирано село. За негова претходна локација се споменуваат месностите: Стара Ливада и Долга Ливада. Тоа се граничи со селата Рајца и Грнчари од север, со подрачјето на Општина Цапари, Битолско од исток, со селото Сливница на југ и со Претор на југозапад.

Низ атарот на селото тече Курбинска Река која никогаш не пресушува, но нејзиниот водотек во летниот период значително се намалува, посебно откога дел од изворите на реката се зафатени со водоводот на Курбиново, Асамати и Претор со туристичката населба.

Во селото постојат повеќе локалитети од археолошко значење и тоа Каштино, населба и топилница од доцно античко време како и средновековната тврдина Кула. На 2 километра североисточно под селото, на ридот Кулишта постојат грамади од кршен камен, покривни ќерамиди и контури на одбранбен бедем, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови.

capture 20180305 235209

Фрески во црквата „Свети Ѓорѓи“

Курбиново е повеќевековно христијанско село во кое има четириесетина куќи со бели фасади и уредени дворни места. Во селото има две цркви „Света Богородица“ и манастирската црква „Свети Ѓорѓи“. Со право се вели дека селото Курбиново е најпознато во Преспа  и пошироко по црквата „Свети Ѓорѓи“, која е духовен бисер на Македонија.

Таа се наоѓа  на еден километар над селото и е скриена во пазувите на планината Баба. За манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ се оди откај селото Асамати, по еден крак кој води кон селото Курбиново, на левата страна од патот Макази – Маркова Нога.

Црквата „Свети Ѓорѓи“ е изградена во 1191 година, што се гледа од натписот над олтарот. Според науката, тоа е времето на владеењето на Комненовците со Византија, кога во црковното градителство доминира разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни со едно или дури пет кубиња и тоа се смета за чиста Цариградска концепција, или измешана со “провинциски” комбинации.

Овој значаен споменик на културата во Курбиново не се одликува толку со архитектурата, туку со извонредниот живопис. Тој, освен чисто Цариградски елементи во претставувањето на монументално замислениот иконографски распоред на живописот, во одделни композиции или фигури, има внесено нови елементи, што во престолнината Цариград и надвор од него, никаде не е толку изразито предаден како во Македонија.

Затоа, често се вели дека во Курбиново се крие прочуената манастирска црква „Свети Ѓорѓи“, која Преспа ја велича во научните кругови. Црквата „Свети Ѓорѓи“ е една мала и неугледна, која, оддалеку и не се забележува дека е црква сè додека посетителот не ѝ се приближи и не го здогледа олтарот на источната страна.

Според пишаните документи, се наведува дека црквата „Свети Ѓорѓи“ е еднокорабна градба со полукружна апсида. Градбата е долга 17  а широка 7 метри. Со ова таа е најголемата еднокорабна црква во Македонија. На западната страна нема нартекс (двор каде се собираат верниците). Има два влеза и изградена е со повеќе камен и со помалку тули.

Со право може да се каже, дека црквата „Свети Ѓорѓи“ своето место во ризницата на светските вредности го обезбедува со сочуваниот фреско-живопис, кој плени со својата раскош. Фреско-живописот од XII век е сочуван речиси во целост.

Фреските во црквата се едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески што од тој период постојат во Македонија. Творештвото на тројцата непознати мајстори во Курбиново, претставува надоврзување на творештвото на ретките мајстори, иако во значителна мера се забележува голема оригиналност во стилот и изразот.

Затоа со право се вели дека врвното  византиско фреско–сликарство во манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ ги привлекува историчарите  на уметноста од светот. И не случајно е запишано дека во историјата на уметноста тешко може да се посочи уметничко дело кое е толку различно вреднувано како живописот во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново.

Според науката, тоа е времето кога во црковното градителство доминирала разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни. Затоа се вели дека манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново не се одликува толку со архитектурата, туку со извонредниот живопис.

Денес манастирската црква „Свети Ѓорѓи“ е споменик на културата на Република Македонија и е  заштитена со закон. Во чест и спомен на величието на оваа најзначајна црква во Преспа, сегмент на фреската на светецот Архангел Гаврил „Ангелот од Курбиново“, се наоѓа на банкнотата од 50 денари. 

Манастирската црква „Свети Ѓорѓи“  е под заштита на Заводот за заштита на спомениците, а според археолошките испитувања се знае, дека во црквата имало и конаци кои откако во нив удрил гром и ги изгорел, повторно не се изградени

Во манастирската црква имало богослужба сè до 1920 година, но откако се изградила новата црква во селото, во црквата „Свети Ѓорѓи“ не се служи литургија, со исклучок во 1991 година кога овој споменик на културата славеше 700 години од своето постоење. Момент кога црквата беше посетена од илјадни посетители и видни граѓани на Република Македонија. Тогаш се заклучи дека манастирот „Свети Ѓорѓи“ е бисер на средновековното фреско-сликарство во Македонија.

capture 20180305 235420

Публикација „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ од Славе Николовски-Катин е издание на НИП „Нова Македонија“, Скопје, 1991, 1-192, а беше промовирана во „Сарајот„ во Ресен на свеченоста по повор 700 години од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, во 1991 година, на која,  за публикацијата зборуваше академик Блаже Ристовски.

 Преспа како дел од Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа, ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата, во науката се високо оценети.

Co тоа се потврдува, дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата. Нејзиното христијанско население го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на Исус Христос…

Тоа се потврдува со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква и други населени места.

capture 20180128 230524 copy copy copy copy copy copy copy

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

slavekatin@gmail.com

www.slavekatin.com

Публицитет.мк

 

 

 

 

Посетеност: 108
Share
Previous Post

„Танец“ ќе настапи пред светските атракции „Огнот од Анадолија“ и „Господар на танцот“

Next Post

Наместо денеска јавната расправа за предлог измените на Законот за угостителество и туризам во четврток

Next Post
Наместо денеска јавната расправа за предлог измените на Законот за угостителество и туризам во четврток

Наместо денеска јавната расправа за предлог измените на Законот за угостителество и туризам во четврток

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 108

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk