• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Маските ќе „паднат“, но не и во аптека и во автобус

април 6, 2022
in Тикер
Маските ќе „паднат“, но не и во аптека и во автобус

Маските и понатаму остануваат задолжителни за влез во болниците, аптеките, домовите за стари лица, јавниот превоз и такси возилата.

Само ден откако Министерството за здравство информираше дека нема нови случаи на починати од Ковид-19, Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките за заштита од ковид. Тие дадоа препорака за укинување на одлуката за задолжително носење на заштитни маски, но не секаде.Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, на прес-конференција рече дека маските и понатаму остануваат задолжителни за влез во здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз, но и во такси возилата.

И покрај тоа што се предлага олабавување на мерките, здравствените работници апелираат до граѓаните на внимателност, со оглед на тоа дека вирусот се уште е присутен. Иако маските нема да бидат задолжителни, сепак се препорачува да ги носат повозрасните лица и оние со хронични заболувања. 

Втората мерка која ја предлагаат се однесува на следење на контакти. „Се укинува епидемиолошкото следење на контактите и изолацијата на контактите. Ја проценуваме епидемиолошката состојба и предлагаме постепено олабавување на мерките“, велат од Комисијата.

Мерките ќе бидат предложени до Главниот кризен штаб, по што треба да бидат усвоени на Влада.

Извор: www.dw.com 

Публицитет.мк 

Посетеност: 113
Share
Previous Post

Премиерот Ковачевски: Започната е енергетската трансформација со која се обезбедува чиста енергија и енергетска независност

Next Post

Денес им е роденден: Татјана Тодоровска – Кичеец

Next Post
Денес им е роденден: Татјана Тодоровска – Кичеец

Денес им е роденден: Татјана Тодоровска - Кичеец

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk