• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Масовниот одѕив на пописот е потврда дека граѓаните се свесни за потребата од собирањето на податоци кои се важни за креирање на заедничката иднина

септември 14, 2021
in Актуелно
Масовниот одѕив на пописот е потврда дека граѓаните се свесни за потребата од собирањето на податоци кои се важни за креирање на заедничката иднина

Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, денеска одржаа заедничка прес-конференција на којашто информираа за тековните активности поврзани со Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година.

Портпаролот Арсовски информираше дека заклучно со вчера до 20:00 часот попишани се 512.457 граѓани,  вкупно 158.519 домаќинства и  212.464 станови.

„Владата се заблагодарува за поддршката што граѓаните ја даваат за успешно спроведување на пописот. Масовниот одѕив покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе во собирањето на податоци важни за креирање на заедничката иднина. Врз основа на собраните податоци ќе се прават анализи, ќе се носат одлуки и прецизно ќе се планира развојот на земјата“, истакна портпаролот Арсовски.

Тој посочи дека Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември. 

Директорот на ДЗС Симовски истакна дека пописот се одвива со посакуваниот интензитет, без никакви застои и без никакви проблеми.

„Ќе ми дозволите и јас да се заблагодарам на сите граѓани кои масовно се одѕиваат на оваа наша операција и се наша најголема и најдрагоцена помош во реализација на истата“, истакна директорот Симовски. Тој ги соопшти податоците од пописот за вчерашниот ден во кој се попишани 93.235 лица, 29.491 домаќинство и 40.155 станови.

Симовски нагласи дека станува збор за одлични резултати, ако се има предвид дека вчерашниот ден беше работен за разлика од деновите од викенд кога очекувано тие бројки се уште повисоки. 

Тој посочи дека е исклучително задоволен од темпото со кое се одвива пописот, како и од работата на попишувачите, при што истакна дека со ова темпо пописот успешно ќе се спроведе во предвидениот рок.

Директорот Симовски истакна дeка мали технички предизвици кои постоеле на почетокот на спроведување на оваа статистичка операција, се надминати и дека веќе неколку дена се спроведува попишувањето без никакви проблеми со исклучително задоволувачки интензитет. 

Одговарајќи на новинарски прашања директорот на ДЗС Симовски нагласи дека бројот на одбивања е исклучително мал и незначителен, и покрај негативната кампања која ја имаше и ја има цело време насочена кон тоа да се попречи спроведувањето на пописот.

„Граѓаните не наседнуваат на оваа пропаганда и самите податоци го кажуваат тоа, нема потреба да бараме било какви други начини да кажеме дека граѓаните навистина активно се вклучуваат. Самите податоци за попишани лица мислам дека кажуваат сè“, посочи Симовски.

Тој наведе дека и таму каде што има првично одбивање се оди повторно и се разговара со тие лица.

„Оди нашиот државен инструктор, оди пописната комисија и до сега праксата покажува дека луѓето ја сфаќаат важноста и релевантноста на процесот и на крајот се попишуваат. Не применуваме никакви санкции сè уште и се надеваме дека тоа нема да се случи до крајот на попишувањето, односно ќе успееме овие луѓе да ги убедиме дека онаа пропаганда којашто е насочена против спроведувањето на пописот во суштина е систем на дезинформации“, нагласи Симовски.

Во однос на попишувањето на домаќинствата, директорот Симовски истакна дека не може да очекува дека секогаш сите членови ќе бидат дома, меѓутоа попишување без документ не може да има, односно клучот за некое лице да биде попишано е матичниот број.

Тој посочи дека без документ никој не може да биде попишан, а таму каде што недостасува некој член од домаќинството, се договара терминот кога лицето ќе биде присутно.

Извор:Влада на РСМ

Посетеност: 100
Share
Previous Post

Започна 12-тата Меѓународна конференција од областа на безбедноста

Next Post

Премиерот Заев предводи владина делегација на работна средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана

Next Post
Премиерот Заев предводи владина делегација на работна средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана

Премиерот Заев предводи владина делегација на работна средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 100

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk