Часовникот отчукува – Дилеми нема бутиците ЕМИЛИ се број еден во регионов. Побрзајте посетете ги!
Матурската прослава е еден од најзначајните моменти во животот на младите и секако дека секој сака да блесне во најубаво светло таа вечер. Сите се согласни дека не треба да потрошите цело богатство за таа цел и дека секогаш треба да останете верни на својот стил.
Оваа вечер само симболично го означува крајот на детството и почеток на младоста, созревањето и влегувањето во светот на возрасните. Но, тоа не значи дека треба да фрлите стотици и илјадници евра за вашиот матурски изглед.
Согласно на буџетот на родители, матурантите треба да изберат облека, чевли и модни додатоци во склад со имиџот. Матурската облека треба да биде по мерка не само на вашето тело, туку и да одговара на вашиот карактер и возраст. Затоа избегнете ги премногу детските варијанти, но и премногу сериозните модели, костуми, или балски фустани. Како што матурата е своевиден премин и баланс меѓу два значајни периода од животот, така треба да биде избалансиран и изгледот. Со оглед на тоа што станува збор за свечена вечер, не заборавајте дека треба да внесете доза на елеганција и гламур во изгледот. Но, немојте да се претворите во турбо-фолк ѕвезда. Напротив, извлечете го најдоброто од себе, истакнете ја вашата нежна, романтична, елегантна и женствена страна. Бидете принцеза, но не буквално, во фустан за на бал, туку модерна девојка со крој што му одговара на вашето тело и карактер, советуваат дузина македонски креатори и стилисти.
Неискуството во купување по елегентни модели некогаш се гледа во изборот на несоодветен крој, особено кај момчињата.
-Младоста нека ви биде предност, и ако веќе сте се одлучиле за палто, нека биде во некоја посвежа боја, со принт и со крој фит на вашето тело. Изберете разиграна пеперутка-машна или кравата. Доколку комплетниот стајлинг е во некој посмирен тој, внесете младост со изборот чевли и патики во повпечатливи бои. Доколку не се чувствувате удобно во чевли, не се форсирајте. Веќе добро е изгазен патот на комбинацијата – палто и панталони со патики. Секако, тие треба да бидат соодветни за пригодата, да не бидат за трчање или играње фудбал. Не се ограничувајте во изборот на бојата, предлагаат модните креатори.
Повеќе од линков кој ве води директно на ФБ страницата на Бутиците ЕМИЛИ
https://www.facebook.com/Butik-Emilly-371371491093/?ref=h
Публицитет.мк l