Осумдесет и една земја испратија свој фаворит за најдобар странски филм на 88 доделување на Оскар, соопшти американската академија за филмска уметност и наука.
Нашиот адут е филмот „Медена ноќ“ на Иво Трајков, кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје за 2015 година.
Станува збор за филм кој ги задоволува естетско-продукциските стандарди и вредности, кој во еден познат филмски израз следи две наративни линии од животот на главниот лик, едната во приватниот, а другата во професионалниот живот, карактеристични за општествените збиднувања и политичките скандали како реалност во која живееме изминативе години од нашето осамостојување.
Светската премиера на филмот „Меден ноќ“ на режисерот Иво Трајков се случи во април 2015 година, кога го означи почетокот на 18. Скопје филм фестивал.
„Филмот ’Медена ноќ‘ е инспириран од новелата ’Уво‘ од познатиот чешки писател и сценарист, Јан Прохаска, и напишана е во 1969/70 година.
Главните улоги во филмот ги играат Верица Недеска и Никола Ристановски. Продуцент е Роберт Јазаџиски. Музиката ја компонираше Тони Китановски. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Извор: lokalno.mk