• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Менаџментот на холандскиот тур операторот ТУИ вечерва во Охрид

мај 24, 2016
in Тикер

Највисокото раководство на еден од најголемите меѓународни тур оператори ТУИ, вечерва, во Охрид ќе разговара со претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ), за досегашните искуства од успешната соработка, но и за услови за дополнителна соработка на полето на организиран туристички промет, како и инвестициски можности во туризмот во правец на негово унапредување во Македонија.
Како што соопштија од АППТ, на работната вечера со директорката на Агенцијата Лела Крстевска ќе присуствува делегација на ТУИ предводена од извршниот директор на ТУИ, ќе присуствуваат и директорот на Националното туристичко здружение на Холандија, директорот на Гаранцискиот фонд за патувања, директорот на ТУИ за Холандија, како и претставници на холандските медиуми. На покана на Агенцијата за туризам, присутни ќе бидат и Никола Бакрачески, градоначалник на општина Охрид и претседателот на Хотелската Асоцијација на Македонија (ХОТАМ), Крсте Блажевски.
На средбата предвидено е доделување на благодарница за соработката на ТУИ, од страна на претставниците на ХОТАМ.
Во моментов во Охрид (23-28 Мај), прв пат се одржува и годинешниот конгрес на 70 најдобри млади туристички работници (студенти на факултетите за туризам во Холандија, кој во организација на училиштата за туризам, Сојузот на тур-оператори, Аеродромот Схипхол и ТУИ- Холандија).
Како што информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, за овој конгрес Република Македонија е избрана од пет земји кои влегоа во потесен избор, што, посочуваат, е своевидно признание на квалитетот на туристичката понуда и напорите кои Владата ги вложува континуирано со цел подобрување на квалитетот на услугите, стандардите и севкупната понуда на туризмот.
Сезоната за 2016 година се отвори на 3-ти мај, кога пристигнаа 180 туристи од Холандија. Ова е шестта година со организиран туристички превоз, со фрекфенција два до три пати неделно, од мај до октомври, како пристигнуваат туристи од Холандија, а очекувањата се дека годинава ќе се надмине бројот од 30.000 посети на холандски туристи.
Бројот на холандски туристи и оваа година бележи позитивен тренд, при што, бројот на туристи е зголемен за 30 отсто, а бројот на ноќевања за 20 проценти, иннформираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Извор: www.lider.mk 

Посетеност: 138
Share
Previous Post

Градоначаникот Бакрачески упати честитика во чест на Денот на македонските и сесловенските просветители

Next Post

Годишнина на МЛД „Григор Прличев“ од Синдеј

Next Post

Годишнина на МЛД „Григор Прличев“ од Синдеј

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 138

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk