Како и секоја современа фирма и охридската АЛПОЈО својот маркетинг го потпира на веб страниците и социјалните мрежи.
Неодамна, Менка Карафилоска од Охрид сосема случајно на фејсбук стигнала до ФБ страницата на АЛПОЈО и забележала дека пред неа веќе има 999 членови. Стиснала на опцијата МИ СЕ ДОПАЃА и станала 1000 член во семејството на АЛПОЈО преку оваа социјална мрежа.
За тој нејзин гест вчера во култниот „Аквариус “ Александар Попоски сопственикот на АЛПОЈО – Охрид на Менка во знак на благодарност за поддршката и подари пакет со нивни производи и пијалаци од нивните партнери.
Публицитет.мк и овој пат беше на местото на настанот – го овековечи мигот со неколку фотографии и кус разговор со Менка и нејзината ќерка Емилија студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и веќе познат автор на куси раскази. Таа овој август ја доби наградата „Живко Чиннго“ за најдобар кус расказ.
Во разговорот со нив се вклучи и сопственикот на АЛПОЈО Александар и со кафе и пијалак од партнерите на оваа охридска фирма зборувавме за тоа дали и колку Менка како вработена жена и домаќинка ги користи производите на АЛПОЈО , дали Емилија пишува нови раскази, ни рече да , па дури и стихозбирка, а Александар Попоски најави скоро збогатување на палетата на производи и освојување на пазарот во Македонија, надвор од Југозападниот дел на земјава во кои веќе се познати.
Почитувани, купувајте производи со знакот АЛПОЈО можеби среќата ќе ви се насмевне и Вам – Никогаш не се знае!
Публицитет.мк