Наставничката од ОУ „Григор Прличев“ Мери Димзоска со „Рибарчето“ е уште од идејата за негово раѓање. Во шега вели дека одново со него станала полнолетна. Фестивалот на детска песна „Распеано рибарче“ се одржува по 18 пат, вели Мери и се присетува на почетоците.
-Беше тоа 1998 година јас постојано како наставничка на училиштните приредби сакав да правам танчарски и балетски точки. Тоа ми остана како мој неостварен сон од детството и младоста, настапував по балетски групи, ама животот ме однесе во просветата. На една таква приредба за жал сега покојниот директор и идеен творец на фестивалот Колчо Петкуќески прашал кој ја правеше кореографијата за танчарите? Колешките му кажале и веднаш ми понуди да станам дел од новата идеја за основање на овој фестивал.
Целиот товар од кореографијата на првото издание го носела сама, само една точка подготвила нејзината колешка Елизабета Здравеска. Од тогаш тие две се неразделни и се креативниот тим кога се во прашање кореографиите за фестивалот.
Во рубриката „На минување“ Мери Димзоска зборува за љубовта кон децата, фестивалот кој и ја исполнува душата и заветот даден на целата екипа дека и по смртта на Коле фестивалот ќе треба да живее.
Со клик на линкот подолу слушнете го разговорот со Мери Димзоска во целост:
М. Јованоски, Публицитет.мк