
Така речи не постои повозрасен љубител на рок музиката а кој не се сеќава на песната „ Мермер , камен и железо“ на рок групата „ Роботи“ од Загреб.Ова особено важи за оние кои беа главни на домашните журки . Ако притоа ја имаа и грамофонската плоча и, разбира се, грамофон …е тоа беше вистинска фора.
Групата „ Роботи“како и сите групи од тоа време својата музичка кариера ја започнала со интерпретација на хитовите на Клиф Ричард и групарта „ Шедоуз“, потоа со настапот на места кои биле собиралишта на младите во Загреб.
Своите први две песни „ Нена “ и „ Залез на сонцето“успеале да ги снимат и издадат во 1963 година.Интересно е да се спомене дека во групата „ Роботи“ како втор вокалист доаѓа Жарко Данчуо.
Есента 1966 година доаѓа до радикални промени во составот на групата, па така групата ја напуштаат Жарко Данчуо, Иван Чизмек и басистот Василиј Чаплински. Во составот доаѓаат Тони Студени како вокал и Ивица Перцл на бас гитара, кој нешто подоцна ќе стане мошне познат самостоен вокалист, шансоњер и композитор.
Во таков состав групата оди на „свирка“ во Виена и Австрија и таму настапуваат цели шест месеци.Таму ја промовираат песната „ Мермер, камен и железо“која станала мошне популарна во германските подрачја.
По нивното враќање во Загреб ја снимиле песната која набрзо станува голем хит најпрвин во Загреб а нешто подоцна и низ некогашната Југославија.Нивната популарност брзо расте и тие започнуваат да свират на најпопуларните места во Загреб.
Музиката за песната „ Мермер,камен и железо“ ја напишал Драфи Дојчер а текстот Тони Студени. Групата била активна до 1969 година.
Овој голем хит на групата „Роботи“ може да се слушне и во изведба на групите „Црвени кораљи“ ;„ Бијело дугме“ и „ Сребрени крила“.
Потстување на овој голем хит од пред 53 години во оригинална изведба на групата „Роботи“
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк







