Богатството на Националниот парк „Галичица“ не може да се опише и каже со збор. Убавината што ја поседува треба само да се види и доживее.
И навидум се’ е убаво се до мигот кога ќе се соочите со реалноста. Онаа познатата „Лесно е да се изгради- тешко е да се одржува“ најмногу одговара на моменталната состојба во која се наоѓа излетничкото место Корита – сега.
Се’ е на место, но многу брзо почнува времето и нашата општа негрижа да го нарушува чувството и перцепцијата за убаво и уредено.
Оставена бујна вегетација да ги надрасне патеките, па дури и до масите за одмор и барање спас од жешкото треба човек со внимание да се пробие.
Убаво стои на таблите – чувајте ја природата и не фрлајте и не оставајте отпад околу себе.
Тешко применлива од несовесните,а чести гости. Од друга страна не видовме корпи за отпадоци, простете можеби ги има ,ама ние во кусиот разглед на Корита не ги видовме.
Бидејќи фотографиите некој рекол заменуваат илјада зборови Ве оставаме сами да оцените.
Време е Националниот парк да најде сили и да го преуреди овој омилен локалитет , пред се’ на Охриѓани, а потоа на сите оние кои случајни или намерно застануваат да здивнат и да се напијат од чистата, бистра и студена изворска вода.
Вага за точно мерење не ставаме и не судиме кој е виновен? Институцијата под чија надлежност е Корита или несовесните луѓе кои доаѓаат и остават по правило пустош зад себе.
Ја сакаме Корита таква , каква што беше, па дури и поубава од кога со меѓународен проект НП „Галичица“ ја уреди.
Публицитет.мк
Фото: Публицитет.мк