Периодот на стабилно и суво време ќе продолжи и во наредните денови што значи најава за зима и сериозен снег и понатаму нема на видик.
Исто така, во следниот период ќе недостасуваат и врнежите како од дожд така и од снег (сушен период).
Денеска, среда ќе дува умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе се засилува.
Од петок како и за време на викендот поради продор на топла воздушна маса ќе има ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето во Македонија со што температурите на повеќе места ќе се искачат над 1-тиот степен.
На некои места особено во централните и југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури и до околу 17 степени.
На следната карта можете да ги погледнете аномалиите на температурите кои се очекуваат за време на викендот кој доаѓа:
Очекуваните температури ќе бидат повисоки од просечните за 5 до 7 степени.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ
Публицитет.мк