Еден од позначајните сликари кои што се континуирано промовирани од Галерија Букефал веке 18 години е интернационалниот сликар Михил Каберов-Сликар на светлината радоста и среќата.
Неговиот стил може да се каже дека е реалистичен со импресионистички нијанси, својствен и препознатлив за него.
Во неговите слики преовладува светлината која што излегува од неговиот карактер, емоционален сликар со позитивна енергија.
За него боите се како музика, има многу заеднички работи помеѓу сликата и музиката. За светлината учи од сликите на Вермер, “кога ја носиш светлината во себе инстиктивно ја ставаш и на платното” ќе рече Камберов.
Неговите слики пленат со убавина затоа што се изработени со топлина, искрено, љубопитно каде што секој ќе може да се пронајде.
Генерално негови мотиви се природата, старите градски мотиви а поретко и актови.Тој е сликар кој многу често слика на самото место, впечатливи улици, куќи со специфична архитектура и замислениот живот околу нив.Посебно можеме да кажеме дека Камберов го величи Охрид на еден посебен начин со многу топлина и енергија и уникатност.
Од старите сликарски мајстори високо го почитува Рембрандт чии што слики многу често ги анализира по светските музеи а најмногу во Париз каде што често престојува и го чувствува како роден град.
Во оваа пригода вреди да се спомне и за неговите признанија од повеке уметнички центри но посебно ќе ја истакнеме неговата “маленкост ” да биде мегу 58 сликари кои што се носители на новите тенденции во светското сликарство, кое што се случи на 100 годишнината од Есенскиот салон во Париз.
Носител е и на уште една престижна награда “Златно платно” добиена од Националната федерација на културата на Франција за целокупното творештво и тоа во 2002, 2003 и 2005 година.
1993- Почесен член на Есенскиот салон во Париз
1995- Почесен член на Aкадемијата за Модерни уметности во Белгија;
Добитник на награда “Кавалер”,
Победник на Голден палм и сребрен медал
Од 1997 г. Почесен член на Европскиот уметнички панел на националната Уметничка Федерација на Франција и
Уметник на Европска Заедница
Публицитет.мк