Пред два дена во Белград во комплексот Ада Циганлија се одржа Изборот на „Мис туризам“ 2016 за Србија.
Најубавата девојка на вечерта Сања Ромиќ од Белград од организаторите меѓу другото доби подарок „Охридски бисер“ изработен од семејството Филеви.
Михајло Филев , еден од чуварите на тајната на изработката на охридскиот бисер за „Публицитет.мк “изјави: „Беше многу убаво имав можност да се дружам со белградскиот уметнички свет и крем.
Организаторите пред извесно време ми се јавија и порачаа охридски бисер за девојката која ќе биде избрана за „Мис туризам“ што за мене претставува уште една сатисфакција дека достојно ја продолжувам семејната традиција.
Наскоро мисицата Сања ќе биде српска претставничка на Светскиот избор на „Мис на туризмот“ во Малезија. Таа таму при една од презентациите пред публиката и жирито ќе го носи охридскиот бисер со традиција од 1928 година“, рече Филев
М. Јованоски, Публицитет.мк