МТВ 1 денес од 16 часот ќе врши директен пренос од детската Евровизија, од Гливице – Полска. Наш, македонски претставник е Мила Москов од Прилеп.
Мила ќе излезе на сцената под реден број 4. Последните информации од Полска говорат дека таа важи и за голем фаворит, со нејзината песна „Fire“.
Мила Москов е ученичка од О.У.”Кочо Рацин” од Прилеп. За песната “Fire”(Оган) се погрижи најпопуларниот музички тандем во земјава,Лазар и Магдалена Цветкоски,а видеото го изработи веќе докажаниот режисер Даниел Јовески од Охрид.
За разлика од Песната на Евровизија, на детската може да се гласа онлајн преку линкот https://vote.junioreurovision.tv/, а и секоја држава може да гласа за својот претставник.
Гласајте и погледнете го настапот на Мила на една од пробите во Главице.